Изгоре стара куќа во охридската чаршија

Во Охридската чаршија изгоре куќа стара стотина години. Опожарената куќа, се наоѓа на шеесетина метри од стариот охридски чинар и во непосредна близина на влезот од пазарот.

 |  Татјана Маленкова  | 

Според  полицијата, причина за пожарот е човечко невнимание. Според увидот на лице место констатирано е дека се запалила една од просториите на долниот спрат,  при што е опоажрена целата покуќнина и старите предмети, кои биле лесно запаливи. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на охридските пожарникари, кои на местото на несреќата стигнале само за неколку минути, пожарот бил веднаш локализиран, со што се спречила можноста, истиот да се префрли и на соседните куќи.

Опожарената куќа е во сопственост на семејството Паскали, кои не живееле во неа, туку  ја имале отстапено на користење на свој поблизок роднина.  Тој живеел сам во куќата и за време на несреќата бил внатре. „Околу  причините за пожарот во монтов можеме само да претпоставуваме,  Станарот е единствениот кој може да каже поради што дошло до пожар“, вели Прентоски.
Инаку оваа ноќ дешурната единица на противпожарната служба интервенирало уште двапати, во куќа во с. Волино и во куќа во с. Мешеишта. Командирот на противпожарната единица  апелира со сите граѓани внимателно да ги користат средствата кои ги користат за затоплување на домовите. Тој вели „Никогаш не практикувајте ако не сте дома да го ложите огнот,  затоа што многу е подобро кога ќе се вратите да ви биде ладно, отколку да нема каде да се вратите. Овој период е посебно опасен како предизвикувач на пожари, поради тоа што во услови на зголемен воздушен притисок, на поголема влажност на воздухот, согорувањето на материите е поспоро и повеќе се таложат. Доколку не се исчистат навреме наталожените материи постои големе опасност да настанат пожари, вели командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top