Фев 3, 2010

Паскали задоволна од бројот на одобрени проекти

Објавена програмата по која годинава ќе  работи Националната установа Завод и музеј.  Центарално место во неа зазема заштитата на културното наследство, конзервација и реставрација на цркви како и меѓународната соработка. Годинава конечно има пари и за Златнaта соба која ќе биде отворена за јавноста пред почетокот на летото.    Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги финасира годинава. Директорката на Нациналната установа завод и музеј Тања Паскали иако сеуште не знае колку пари ќе добие заводот, сепак е задоволна од бројот на проекти кои им се одбрени за годинава.Одобрените…

Фев 3, 2010

Реакција без акција

После вчерашниот прилог на ТВМ, за ненавременото сервисирање на противпожарните апарати во училиштата, денес реакција од Локалната самоуправа – “нема место за паника”, но се согласуваат дека постои проблем. Раководителот на Секторот за јавни дејности, Митре Вељаноски, вели дека секоја година Локалната самоуправа издвојува 700 000 илјади денари за санација и набавка на нова противпожарна опрема. „Најмал е проблемот за сервисирање и полнењето на ПП апаратите“, вели Вељаноски и додава дека проблемот е покомплексен.„Она што е полнењето и сервисирањето на ПП апаратите е најмалата работа, најситн…

Фев 3, 2010

Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се поднови

Доби средства за подобро функционирање. Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, покрај финансиски средства за програмскиот дел, одобрени се пари и за техничко доопремување на центарот.Националната установа, Центарот за култура „Григор Прличев“  годинава ќе биде технички доопремен. „Ако претходните години добивавме средства за санација на поголеми инфраструктурни зафати, како што беше целосната замена на покривот на центарот и одредени преправки во внатрешноста, оваа година одобрени се средства за негова техничка доопременост“, задоволна е директорката на ц…

Фев 3, 2010

Се е подготвено за овогодинешните „Прличеви беседи“

Културната манифестација „Прличеви беседи“ со која традиционално се одбележува денот на смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев, годинава богата со творечки содржини.  Најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава ќе биде одбележана со пригодна програма. Н.У. Центар за Култура кој го носи името на најголемиот македонски преродбеник е организатор на свеченоста посветена на лауреатот за најдобра поема. „Оваа свеченост  ја организираме заедно со „Просветно дело“  и традиционално ја доделуваме наградата за најдобра поема, „Григор Прличев“, пот…

Фев 2, 2010

ПП апаратите во училиштата доцнат со сервис

Училиштата немаат сопствени средства за одржување на ПП апаратите. Во тоа им помага локалната, но засега не е префрлен ни денар за таа намена. За самата постапка на одржување и дополнување не успеавме да добиеме одговор. Охридската противпожарна служба не прошета до инспекторот Сашо Тодоровски, а пак Тодоровски очигледно не беше расположен за разговор.Еден противпожарен апарат се сервисира за 1200 денари. Во охридските училишта сеуште не е направен сервис на ПП апаратите. За таа намена училиштата немаат сопствени средства и најчесто тој терет оди на локалната самоуправа. Директорката на ОУ…

Фев 2, 2010

За нив, секој ден е борба

Без огрев, без доволно храна, се снаоѓаат како знаат и умеат. Сета нивна надеж е во социјалната помош која никогаш не ја добиле.Семејството Бежоски од Охрид живее од милоста на пријателите и роднините. 13 години под кирија, со 5 деца од кои едно има едвај два месеци, се борат да го преживеат денот кој е пред нив. Милена која има 11 години, Станка 9 и Илија 6, се ученици. „Станка сеуште не добила учебници, па се снаоѓаме и за тоа“, -се жали нивниот татко. Миле Бежоски работи како бурекџија, но поради безработицата, само неколку дена во месецот. Со сопствени здравствени проблеми и со здравств…

Фев 2, 2010

Законот е на моја страна

Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ до крај ќе ја тера постапката за задоволување на правдата. Дали со тоа само го пролонгира крајот на своето директорување или сака од оваа ситуација да излезе со чист образ набргу ќе се знае.Како што, ТВМ во вчерашниот дневник информираше, Училишниот одбор при СОУ “Св. Климент Охридски” во петокот на актуелниот директор Машановиќ му изгласа недоверба поради веќе познатата причина. Поточно заради  прекршување на интерен акт на училиштето, според кој, во гимназијата „Св Климент Охридски“ можат да се запишат ученици со минимум 55 бодови. Машан…

Фев 2, 2010

Хассп на хартија

Инспекторите од дирекцијата за храна во Охрид и Струга, при контрола констатирале дека со Хассп се покриени сите производствени капацитети. Од угостителските објекти 70 проценти поседуваат документи, но само 30 проценти од нив се со валидна документација.Поголемите трговски објекти вовеле  добра хигиенска пракса, а помалите дуќани засега не се исконтролирани. Инспекторите при контролите откриле низа злоупотреби направени од страна на некои имплементатори на Хассп стандардите.На инспекторите им се врзани рацете. При контролата на објектите има сопственици кои поседуваат документација за Хасс…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top