ВМРО-НП одржа прес конференција во врска со настанатите состојби поради високото ниво на водата во Охридското езеро и последиците кои ќе прозлезат од ваквата ситуација. Тие предлагаат, водите на реката Сатеска дирекно преку старото корито, да се насочат во реката Црн Дрим. Штетите кои им се направени на граѓаните, претпријатијата и животната средина се огромни. Тие се резултат на лошото менаџирање на ЕЛЕМ со езерото, обвинуваат од ВМРО-НП. Советникот Владо Цветкоски потенцираше дека ваквата состојба не се должи само на тоа што во месец фебруари имаше обилни врнежи на дожд и снег туку и пора…
Денот на жената станува се поконтроверзен празник. Во однос на празникот се оди од крајност до краност. Едни го критикуваат и бојкотираат, други пак, продолжуваат да му даваат важност. Но, како и да e, некогашната еуфорија во празнувањето на 8-ми март спласнува. Тоа го потврдуваат и трговците кои се жалат дека се помалку се купуваат скапи подароци. По традиција пари не се штедат единствено за цвеќе. Сепак има жени кои не се откажуваат од прославувањето на празникот надвор. Оние со подлабок џеб патуваат во странство. Од туристичките агенции велат дека охриѓанки 8-ми март ќе го празнуваат, п…
Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА – непожелна личност Напишано од Radio Ilinden Сабота, 06 Март 2010 10:28По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА – непожелна личност .Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница.Г-динот Александар Петрески, градоначалник и член на тесното раководство на СДСМ,…
Велигденскиот турнир во мал фудбал ,„Охрид 2010“ и оваа година во организација на Јавното претпријатие „Биљанини извори. Интересот е огромен. Турнирот од година во година прераснува во традиционален. ЈП „Биљанини извори“ во склоп на своите активности го организира турнирот во мал фудбал, „Охрид 2010“. Организаторите очекуваат учество на екипи не само од Охрид, туку и од соседните градови, Струга и Ресен. „Бројот на екипите кои ќе учествуваат на турнирот ќе биде дефиниран деновиве. Од ЈП „Биљанини извори“ ќе се погрижат да бидат обезбедени сите потребни услови, истакнува директорот“, Илија К…
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу во посета на Пештани. Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот. Велат дека посетите се чисто поради добивање поени. Тие додаваат дека стравуваат да не се разболат од заразни болести, затоа што ситуацијата се повеќе излегува од контрола. „Координативно тело имаме и во селото. Секоја вечер дежураме. Едноставно се плашиме од езерото.“ -додава жител од Пештани.Стручна екипа о…
Охрид има многу таленти. Еден од нив е амбициозниот билдер 19-годишниот Бобан Наумоски, кој неуморно вежба и постигнува одлични резултати. “Почнав да се натпреварувам пред две години . Сум учествувал на неколку државни натпревари „Aтлета на Р. Македонија“, каде сум освоил први места во Јуниорски кадети. Посебно се горедам со моето учество на светското првенство, каде во огромна конкуренција, бев во првите 15“, вели Бобан Наумоски.Наумоски вели дека проблем како и за се друго така и кај него се парите. “Се финансирам сам. Многу е тешко да се надат спонзори“- додава тој.Наумоски момента…
Во клубот на КУД „Ѓердан“, младите хористи од „Распеано ѓерданче“ со голем жар се подготвуваат за утрешниот концерт. Денот на жената, 8-ми март ќе се одбележи со звуците на детската песна на градскиот плоштад во 12 часот. Малите хористи ќе исполнат 9 песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив.Музичарот и композитор, Методија Баракоски-Менде под чие раководство работи КУД „Ѓердан“ и детскиот хор „Распеано ѓерданче“, ја објаснува одлу…
Завршена истражната постапка. Предметот предаден на обвинителството. Министерот Јанакиевски верува во независниот судски систем. Никој не објавува детали. Истражната постапка за бродот „Илинден“, требаше да се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ на 25-ти септември минатата година ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Очигледно итноста на процедурата и овој пат затаи. Кога ќе има епилог на случајот со бродската катастрофа на „Илинден“, сеуште никој со точност не може да потврди. Пред два дена во охридскиот суд заврши истражната постапка за бродската несреќа. …