За хистеријата, куклениот театар и силувањето на медиумскиот простор денес се зборуваше на брифингот на општинската организација на СДСМ од Охрид.„Колку што има денови откако е избран новиот претседател на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, толку прес конференции се имаат одржано“, беше една од забелешките со кои претседателот на О.О на СДСМ-Охрид, Науме Јованоски, го започна денешниот брифинг. Јованоски упати обвинувања до О.К ВМРО-ДПМНЕ од Охрид дека тие ги нарачале и со народни пари ги платиле билбордите на кои беше охридскиот градоначалник, а за тоа го обвиниле Бранко Црвенковски. Јовано…
Рушевина како од 1941 год. Во 21 век жителите на ул „Богомилска“, стравуваат од опасните зидови на стара куќа во која 20 години не живее никој. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, паѓаат ѕидови на стара куќа. Сеуште има остатоци од старите ѕидови кои се накрепени на електрични бандери и претставуваат сериозен проблем.Тесните улички на овој потег дополнително ја влошуваат состојбата. Тука тешко можат да се разминат две возила, а градежениот шут од остатоците на оваа куќа имаат зафатено добар дел од патот. Жителите кои се во непосредна близина велат дека сериозно се з…
За прв пат, Македонија и Охрид се домаќини на конгресот на Балканската Веслачка Асоцијација. Ораганизатор на оваа средба е Веслачката федерација на Македонија. На конгресот стана збор за проблемите со кои се соочуваат веслачките федерации од балканските земји и потребата од поголема афирмација на овој спорт.„Итно треба да се донесат одлуки кои ќе бидат во дирекна врска со иднината на балканското веслање, е ставот на претседателот на Балканската веслачка федерација, Ѓоргос Мучачос. Мучачос додаде дека сериозно треба да се пристапи кон проблемите со кои се соочува овој спорт на територијата н…
Над 160 поплавени домови и деловни објекти од Пештани, Воска, Радојца Новичиќ, улицата Железничка како и сопствениците на земјоделските посеви и домови од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј со нетрпение ја чекаат финансиската помош. Но, раководителот на Фондот за комунален развој Емин Селман, информира дека општинската Комисија за проценки сеуште не излегува со конечен износ на настанатите штетите од поплавите. Селман додава дека со повлекувањето на водата од домовите во Пештани сега има нови моменти, па Комисијата ќе прави дополнителна проценка на штетите. Тој објаснува нема прошир…
Министерот за економија Фатмир Бесими денеска одржа средба со градоначалниците на Скопје, Охрид, Струга, Битола,Тетово, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи. „City light“ мапите се осветлени мапи во боја, кои ќе им бидат појдовна точка на туристите како да пристигнат до некоја одредница.Изработката на мапите финансиски е поддржана од министерството за економија во насока на унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културни вредности.Бесими изјави дека на овој начин министерството за економија ги потпомага локални…
Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески. Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста. Колку ли само пари и време потрошија на плакати, постери и секакво оцр…
„Австралискиот бумеранг единствен експонат од 5 годишното трагање по инвестиции за Охрид. Ништо арно не виде Охрид од градоначалникот Петрески. Неговите прес конференции се продолжување на старата добра пракса на деградација на политичката комуникација, зачинета со навреди, бескрупулозни изјави“. Вака денес обвини претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Михаилов истакна дека градоначалникот крајно недолично не престанува да излегува во јавноста со лажни тези и ноторни лаги.Михаилов на Петрески му упати уште една сериозна забелешка за неговиот начин на однесување кон актуелнат…
ЈП „Oхридски комуналец“ започна акција за нивно разубавување. Покрај парковите, се средуваат и дрворедите по улиците.ЈП „Охридски комуналец“ со полни раце работа. Деновиве започна акција за преуредување на дел од парковите во центарот на Охрид. „Со бизнисмените од Охрид веќе е договорено пред своите објекти сами да ги уредат парковите, а ние како ЈП целосно ќе го уредиме паркот пред рибниот ресторан, рече директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче. Тој потенцираше дека овој проект ќе се реализира со финансика поддршка на охриѓаниец кој работи во Нови САД. Дирекорот Алче уште напомена…