Членовите на комисијата за финсии и буџет, треба да расправаат за разрешување на нивниот колега Дејан Паноски од редовите на оваа комисија. Ова прашање го потегна претседателот на комисијата Ахмед Патељ по неколкуте отсуствувања на советникот Паноски од работата на седниците.„ Советникот Дејан Паноски согласно членот 68 треба да го информира претседателот за неговото одсуство. На неколку комисии советникот Паноски воопшто не присуствуваше. Деловничката одредба од овој закон јасно и гласно кажува дека за отсуство на било кој член од комисијата се информира претсеадтелот на комисијата. Члено…
Откако ТВМ ја пренесе сликата за бедата на ова семејство, почна позасилено да доаѓа помош за Митереви. Петрески увиде дека ова семејство нема елементарни услови за живот и рече дека веднаш ќе превземе активности привремено да го реши овој проблем.Неизмерна радост и доверба во очите на петтчленото семејство Митереви кога пред нивниот дом застана градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Скромни во своите побарувања тие на градоначалникот му ја кажаа состојбата во која се наоѓаат, а тоа е живот на свеќа без струја, огрев и храна. Во тоа се увери лично и Петрески кој рече дека од лошо има…
Сите физички лица сопственици на угостителски објекти од мал обем, на кои им е истечена важноста на решението за категоризација, треба истото да го продолжат. Против оние кои не поседуваат вакви решенија или важноста на истите е истечена, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.Законот за угостителска дејност е дециден. Според него, сопствениците на угостителски објекти од мал обем мора да го продолжат решението за извршена категоризација, доколку сакаат да продолжат да се занимаваат со вршење на туристичко угостителска дејност.Прво што треба да направи давателот на угостителските услуги…
Избрани делегатите, претставници на стоматолошкиот еснаф од градов во Стоматолошката комора на Македонија. Двајца од нив ќе бидат делегати во Собранието на комората, додека останатите тројца, се избрани за членови на Опшинскиот одбор на Стоматолошката комора. Минатата недела беа избрани делегатите кои ќе го претставуваат Охрид во оваа независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност. Тоа се Д-р Беби Лаососки и Д-р Бонета Павлеска кои се избрани за делегати во собранието на комората. Отаму се делегирани по еден претставник во Управ…
Вреќите со песок подигнати од градското пристаниште. Состојбата во Охрид и Струга повеке не е критична уверува министерот Коњановски при неговата денешна посета на регионот. „Координативното тело за справување со кризи, постојано и ефективно работи на оние места каде што постои најголем ризик. Јас сум задоволен од тоа како функционираа институциите на државата кои беа вклучени во акцијата“, истакна министерот Зоран Коњаноски.„Ние како Влада не бевме моќни да се справиме со временските непогоди, но затоа сметавме дека треба да бидеме одговорни, да ги координираме сите институции и да им помо…
Ги чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД Грашница.Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет.„ Целта ни е малку да ги поттикнеме службите да ја подигнат еколошката свест на граѓаните. Целта е да ја поттикнеме владата и тие да се вклучат во акцијата“, истакна Јаковчески.Еколошката акција беше иницирана од страна на советникот Кујтим Усејни кој живее во овој дел на Охрид.„ Ќе ја замолам влад…
Патеката до хотелот Парк, ќе биде исклучиво за пешаци. СВР најавува дека за сите кои ќе го прекршуваат ова правило ќе следат казни.Граѓаните се жалат дека се уништува рекреативниот простор на линијата Билјанини извори – хотел „Парк“. Во дописот испратен до нашата ТВ куќа стои цитирам „Моторни возила минуваат по пешачката патека. Тоа може да се објасни со недоволно внимание од страна на полицијата, и фактот што е невозможно да се спречи апсолутно секаков сообраќаен прекршок“, завршен цитат.По овој допис експресна реакција на СВР Охрид. „Од денеска започнува подигнување на мостот кај Билјанин…
Причината поради која Груевски го посети Охрид, беше седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во нашиот град. Посетата на Охрид, Груевски ја искористи за повторна средба со Пештанци и направи увид во некои од куќите кои беа најпогодени од надојдените подземни води, кои речиси три месеци ги мачат жителите на Пештани.„Хидролошката состојба во Охрид полека се стабилизира“, е ставот на премиерот Никола Груевски кој викендов го посети Охрид. Во рамките на посетата, премиерот отиде и во Пештани и направи увид на состојбата со подземните води во селото. „Нивото на подземни во…