Мај 3, 2010

Ќе се одбраниме ли годинава од комарците?

Од Центарот за јавно здравје повторно ги нудат услугите за извршување на дезинсекцијата. Сепак, на тендерот ќе победи оној со најповолна понуда, ветува Петрески.Оваа година дезинсекција ќе има, ветува Охридскиот градоначалник. Ќе има дерман за охриѓани и гостите ова лето од комарците. Директорот  на Регионалниот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека и оваа година е иницирано до Локалната, со цел да се преземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава…

Мај 3, 2010

Охрид најгостопримлив град за 2009 год!

Градоначалникот и дел од тимот кој работи на туристичката промоција на Охрид, денеска пред новинарите ја претставија престижната награда која неодамна му беше доделена на нашиот град. Станува збор за таканаречениот Туристички  оскар за Југоисточна Европа – „Златно туристичко срце“ или „Чаша на гостопримството“.Наградата најгостопримлив град во Југоисточна Европа за 2009 година, Охрид ја доби поради љубезниот однос кон гостите во 2009 год и тоа во конкуренција на голем број туристички дестинации од Југостична Европа, меѓу кои се градови од Турција, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Ц…

Мај 3, 2010

Петрески апелира да се спуштат цените на пијалоците

Градоначалникот на денешната пресс конференција упати апел до сите угостители, наместо да ги креваат цените на пијалоците за празниците, истите  да ги усогласат или намалат. „Давам препораки цените да не се креваат, туку да се спуштаат“, вели Петрески. Тој уште додава дека онаму каде што општината ги креира даноците, тие се спуштени на мнимум, а на сите останати кои ги креира државата не можат да влијаат. Туризмот е во интерес на сите и треба да го гледаме како извозна гранка, додава градоначалникот Александар Петрески.{loadposition content9}

Мај 3, 2010

Кривични дела за време на празничниот викенд

На подрачјето на Полициската станица Охрид, евидентирани се три кривични дела „Тешка кражба“, седум кривични дела „Кражба“, една Телесна повреда и пет нарушувања на Јавниот ред и мир. Покрај тоа, евидентирани се  четири дела „Оштетување“ и  седум сообраќани незгоди со предизвикани телесни повреди и материјална штета. На подрачјето на Полициската станица Струга,  регистрирани се  едно кривично дело „Тешка кражба“, едно кривично дело „Изнуда“  едно нарушување на Јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.Против сторителите на кривичните дела, ќе бидат подне…

Мај 1, 2010

Дај боже, ваква да ни биде и сезоната

Празникот на трудот ги наполни охридските хотели претежно со странски гости. Филип Мишев, менаџер по продажба на хотелот Метропол вели дека хотелите Метропол и Белви се полни скоро 80 % и дека тоа е според нивните очекувања.„ Гостите се претежно од регионот, Албанија, Србија, Косово. Има намалување на домашните гости, за затоа на нивно место се враќаат грчките гости. Од завчера доаѓа и првиот чартер лет од Холандија. Пополнетоста е според очекувањата“, вели Мишев.„Очекуваме солидна сезона, со оглед на фактот што се наоѓаме во средината на економската криза“, вели Мишев. Тој додава дека имаа…

Мај 1, 2010

Први мај одбележан со ниски плати и скратени работнички права

За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се  гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се,  пак , најчесто  на вратата од…

Апр 30, 2010

Скок со стап или саглам чаршија ова лето?

Можеби ова лето нема да се сопнуваме на масите и столчињата, па дури ќе можеме и да си се разминеме со сограѓаните на ул.„Самоилова“. Ќе се стави ли конечно крај на панаѓурскиот туризам во Охрид? Релевантните политички субјекти во градов веруваат дека со усвојување на Годишната програма за поставување урбана опрема, ќе се среди нередот по кој Охрид за жал стана препознатлив последниве неколку години. Од редовите на опозицијата го поздравуваат овој потег и се надеваат дека со ова ќе се реши проблемот со поставувањето на урбаната опрема, но потенцираат дека програмата има одредени слабости и …

Апр 30, 2010

Секој со својата мака за да стигне до точна информација

Преставниците на Заедницата на локаланите заедници и Усаид бараат начин со локалните  самоуправи како да се подобри комуникацијата со јавноста. Се одржа тркалезна маса на која дебатираа градоначалникот, преставници од општинската администарција и од советот, новинарите, невладиниот сектор. Секој од присутните ја кажа  својата мака, во насока на подобрување на протокот на информации важни за граѓаните. Заедничка констатација беше дека охридската локална самоуправа е отворена па дури и прелиберална кон новинарите. На ова тврдење градоначалникот Петрески додаде дека во таква ситуација настанув…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top