Наскоро, туристите и охриѓани побезбедно ќе можат да пловат по водите на езерото. Се прават напори заштитата на вода да се подигне на повисок степен. Се најавува фомирање на мешовита единица за делување во огнени стихии на пловни објекти и во деловите на градот од езерскиот брег. Единицата ќе ја сочинуваат спасувачите на вода од општинскиот Црвен крст и охридските пожарникари. Оваа единица ќе биде резултат на соработката на Црвениот крст од Охрид со противпожарниот спасувачки центар „Флоријан“ од Манчестер, Англија. Од соработката со англичаните се црпат бројни искуства. Денес, спасувачите…
СВР Охрид заедно со претставници на релевантните фактори од градов одржа работен состанок на тема безбедни матурски вечери. СВР повторно ги собра преставниците на релевантните фактори од градов, со цел да имаме побезбедни матурски вечери. Целта на овој работен состанок е запознавање со превентивните мерки кои ќе се преземат и нивно координирано применување. Ова ќе придонесе за намалување на асоцијативното однесување кај младите за време на матурските прослави. „Ова е втора година како се одржува оваа средба во ваков состав, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Покрај претста…
Професор д-р Сашо Коруноски, најсериозен кандидат за нов декан на охридски факултет за туризам и угостителство. После донесената одлука на Ректоратот на Универзитетот во Битола, во месец февруари годинава, професорот Софронија Миладиноски само три месеци пред истекот на неговиот мандат, беше сменет од должноста декан на ФТУ. На негово место беше назначена Проф. д-р Јованка Билјаноска. Таа како вршител на должност декан на Факулктетот за туризам и угостителство во Охрид дојде на местото на Миладиновски кој оваа функција ја извршуваше во два мандати. Временскиот период од три месеци во кој Б…
Младата популација се повеќе доминира во новото членство на оваа партија. Ова го истакна претседателот на партијата, Атанаско Михаилов на денешната прес конференција. Корпус деликти. На маса 1036 нови членски легитимации во просториите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Претседателот на ОК Атанаско Михаилов вели дека конечно се комплетира партискиот мозаик од стари и нови членови симпатизери на нивната партија. Тој истакна дека посебно е задоволен што во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на партијата можат да се пофалат со ваков успех.Михаилов рече дека вратата на ОК н…
Инцидент на улицата Железничка. При градежните зафати, камион од градежната фирма „Илинден“ која ги изведува активностите претпладнево се преврти во дупка во патот во која во тој момент имало работник. За среќа избегнат е посериозен инцидент и повредени нема.Жителите од оваа улица раскажуваат дека до инцидентот дошло кога врз работникот кој работел во еден од ископите се превртел камион и паднал директно врз него. Работникот се здобил само со лесни повреди благодарение на брзата интервенција на жителите кои веднаш реагирале и го извлекле од ископот во кој работел.Жителите од бараките видно …
По повод јубилејот 65 години од победата над фашизмот, Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид и Дебрца и Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид организираа марш до споменикот на паднатите борци во селото Белчишта.По партизанските патеки на Дебрца вчера тргнаа над 700 учесници. Покрај неколкумината преживеани учесници од НОБ, на маршот му се приклучија и подржувачите на традициите на НОБ. Маршот кој беше поддржан од локалните самоуправи од Охрид и Дебца, започна утрото во 10 часот од Ново Село, а негова крајната дестинација беше Споменикот на паднатите борци во селото Белчишта. В…
Во текот на едногодишното функционирање на градскиот совет, охридските советници изгласале 330 точки, поставени на дневен ред, на 19 седници, од кои една била од свечен карактер, а друга итна. Позицијата и опозицијата во општинскиот совет имаат различни гледишта за досегашното работење на советот. Едните тврдат дека работат во интерес на граѓаните, додека другите го негираат тоа. Претседателот на советот, Душко Јаковчески од редовите на СДСМ вели, советниците колку и да се трудат да работат во интерес на граѓаните, зад нив стојат политичките партии, меѓу кои постои политичка борба. Иако…
Претставници на советничката група и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посетија ова одделение како дел од својата иницијатива за хуманитарно делување.Малку е потребно да се измами насмевка кај нашите најстари сограѓани. Штитениците на Геријатриското одделение од Општата болница во Охрид, денес беа посетени од претставници на советничката група и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. При посетата им беше доделена скромна помош. „Станува збор за мало внимание, со цел да поразговараме со највозрасните, да ги ислушаме и да се запопзнаеме со нивните проблеми, вели советничката Љубица Мојсоска.„ Оваа акт…