Ќе го добие ли ФТУ од Охрид својот нов декан?

Во наредниов месец, се очекува дефинитивно да се обелодени името на првиот човек на овој факултет.

 |  Крсте Голабовски  | 
FTU Ohrid
ФТУ Охрид

FTU OHridПрофесор  д-р Сашо Коруноски, најсериозен кандидат за нов декан на охридски факултет за туризам и угостителство. После донесената одлука на Ректоратот на Универзитетот во Битола, во месец февруари годинава, професорот Софронија Миладиноски само три месеци пред истекот на неговиот мандат, беше сменет од должноста декан на ФТУ. На негово место беше назначена Проф. д-р Јованка Билјаноска. Таа како вршител на должност декан на Факулктетот за туризам и угостителство во Охрид дојде на местото на Миладиновски кој оваа функција ја извршуваше во два мандати. Временскиот период од три месеци во кој Биљаноска беше вд декан истече и поради тоа моментално за вршител на должноста декан е назначен проф. д-р Цветко Андреески. Во наредниов месец, се очекува дефинитивно да се обелодени името на новиот декан на овој факултет.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top