Јул 27, 2010

На Охрид му е повеќе од потребна марина

Се поголем е бројот на пловните објекти во водите на езерото. Каналот Студенчишта станува претесен за пловилата кои се стационирани на овој и онака мал простор кој воопшто не располага со соодветната инфраструктура потребна за одржување и обезбедување на пловилата кои се наоѓаат таму. Така за време на викендот за малку беше избегната катастрофа кога при несоодветно точење на гориво од станица за налевање на гориво на „Пуцко петрол“, беше опожарен еден глисер. Управувачот со станицата кој и онака немал ПП апарат веднаш го напуштил и местото на несреќата. Живееме во време кога наутиката се ко…

Јул 26, 2010

Во каналот „Студенчишта“, се запали глисер

Пловните објекти во каналот „Студенчишта“ не се безбедни. Вчера во каналот, поради невнимание и неправилно налевање на гориво дојде до опожарување на еден  глисер. Според зборовите на очевидци, причина било прелевање на горивото и предвремено стартување на моторот на пловниот објект, при што дошло до запалување на горивото. Од Охридската капетанија не знаат за случајот, но ја потенцираат потребата од поседување на пренослив противпожарен апарат во секој пловен објект. „Не сме запознаени со таков случај. Според ЕУ директивите можам да кажам дека задолжително е да се носат преносливи ПП апар…

Јул 13, 2010

Фестивалска магија и организациона замаеност

И по 50 години никако да се научиме како да организираме фестивал без пропусти. И на отварањето на златното, јубилејно издание на светски познатиот фестивал, „Охридско лето“, работите на организаторите не им тргнаа во посакуваната насока. Откако во пет до дванаесет беше разрешен првиот човек на фестивалот, Тони Симоновски, за негов наследник беше назначен Васил Зороски. Именувањето на Зороски за вд директор уште во првите денови се покажа како лош потег, кој навестуваше дека ова издание на фестивалот нема да помине без пропусти. Доцнењето на картите во продажба, измената на идејното решение…

Јул 12, 2010

Скулптурата на јагулата поставена кај Потпеш

50 –то  јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде одбележано со изложбата на Сергеј Цингулоски, насловена „Угоре високо, удоло длабоко-Гола вода“. Станува збор за скулптура  на јагула која вечерва и официјално ќе биде отворена, а е поставена во водите  на езерото кај плажата Потпеш. Јагулата веќе предизвика голем интерес кај јавноста. Ја поздарвуваат идејат на уметникот како мошне интересна и необична, но многу ефектна. Скулптурата на јагулата е изработена од 50 дрвени делови, изработени во специфична техника од кои секој симболизира по една фестивалска година. Утрово таа и ласе…

Јун 25, 2010

Хотел Палас нема да исчезне

 Управата за заштита на културното наследсто стави рака врз хотелот Палас. Ќе го штити  и чува  карактеристичниот  архитектонски објект, белег на  архитектурата од периодот 1952 -1957 година, проектиран од дип. архитект Едоми Хевц. Решението за  привремена заштита од втор степен е издадено пред шест месеци. За една година треба да се изготви Елаборат за хотелот со кој ќе се издаде трајно решение за заштита. Од хотелот нема да направиме  музеј или да им се одземеме на сопствениците, со решението се ограничуваат интервенциите кои можат да се преземат врз објектот објаснува директорот на Заво…

Јун 17, 2010

Отпочна судскиот процес против Шапкар

Во Основниот суд во Охрид денес започна судскиот процес против осомничениот Христијан Шапкар (31), кој се терети за предизвикување на глисерска несреќа. Имено, минатото лето на 22 август во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени веднаш по несреќата, Шапкар управувал со глисер од марката „сидо“, а со него биле неговата сопруга Ивана и две други лица, нивни пријатели. Муцинска управувала со глисер марка „регал“. Поради брзина поголема од дозволената, глисерот на Шапкар помина…

Јун 10, 2010

Распустот започна….

Невообичаен завршеток на учебната година.  Учениците од општинското основно училиште Св. Климент Охридски, учебната година ја завршија со уникатна презентација на своите домашни миленичиња. На  парадата можеше да се сретне се и сешто: кучиња, риби, зајачиња, желки… Сите овие главни ликови на денешната презентација се одгледани со беспрекорна љубов на децата. Секое дете пак, има своја приказна за своето милениче.Во склоп на школската организација, директорката на училиштето Славица Илиќ имаше обезбедено стручно лице кое практично ги сподели сите неопходни совети за домашните миленичиња. Ве…

Јун 10, 2010

„Генералка и лифтинг на Охрид“, од студиото на Комуналец

Секој да си го среди својот двор. Ова важи и за колективните стамбени згради кои за жал на некои места наликуваат како да сме во џунгла.Грижата за овие тревнати површини паѓа на товар на домарите на зградите кои треба да обезбедат средства за средување на својот двор. Првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче, ја потенцираше законската регулатива за справување со овој проблем.„Според законот за јавна чистоте член 18 во истиот, жителите на зградта треба да ја одржуваат чистотата на тревната површина пред нивната зграда. ЈП не одржува зелени површини, се додека жителите на зградата не г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top