Еден месец како остатоците од стакло и метал и оголените кабли за електрична енергија зјапаат на тротоарот пред Мекдоналдс. Рекламното пано на фирмата ЛАЗОВ ГРУП, во близина на градскиот плоштад, веднаш до сендвичарата на Мекдоналдс, стои срушено, а никој од надлежните, не најде за сходно досега да интервенира. Во интерес на граѓаните, ТВМ Телевизија повторно се обиде да стапи во контакт со претставници од фирмата ЛАЗОВ Груп, кои овој пат не ни одговорија на повиците. Тие пред еден месец не информираа дека грижата за рекламните сити лајт паноа е нивна одгвороност и дека во најкраток можен р…
Експертите децидни, само со организациски пристап на сите релевантни институции, може да има ефикасно решавање на проблемите од сферата на безбедноста во туризмот. Луѓето го прават туризмот, без нив тој не би постоел. Со овие зборови денес беа отворени Охридските денови на гостопримство и туризам. Една од темите на која ќе се осврнат експертите на оваа конференција е и безбедноста во туризмот и нејзината важност за развој на туризмот како дејност. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN, Драган Глигоријевиќ потенцира дека безбедноста е интегрален дел на сек…
Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани. „Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески. Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни доктори“. Тој вели дека …
Испливаа на површина матни зделки од урбаната сфера. Службени лица, добро познати во охриската јавност, заработија кривични пријави. Станува збор за Војне Голабоски, Љ. Василеска, Н. Николоски, В. Каневчев и Ј. Лотески. На првите тројца пријавени одредена им е мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на истражен судија при Основниот Суд во Охрид. Овие лица се теретат поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Според извештајот на СВР Охрид, првопријавениот Голабоски во својство на службено лице советник за правни …
Со свечена литургија со која чиноначалствуваше Aрхиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, денеска беше означен почетокот на изградбата на комплексот „Свети Климентов универзитет“, на Плаошник во Охрид. Камен темелникот го постави премиерот на Р Македонија Никола Груевски, кој изрази задоволство што активностите за овој универзитет започнуваат точно на одбележувањето на 19-годишнината од независноста на Република Македонија.„Целиот комплекс е предвидено да биде изграден до крајот на 2014 година. Финансиските средства за неговата изградба ќе бидат обезбедени во рамките на капиталните …
Бродот амбуланта кој требаше да биде ставен во употреба за празников, сеуште вон функција. Пловилото за чија санација беа потребни поголеми поправки и оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба. Средства за техничко и логистичко опремување на бродот, обезбеди Локалната самоуправа од Охрид. Отаму велат дека ова амбулантно возило треба да биде спуштено во водите на Охридското езеро до крај на месец септември.Охриѓани ќе почекаат уште малку за бродот амбуланта. Пуштањето во употреба на амбулантното пловно возило кое би требало да патролира во водите на езерото не само во летниот пер…
Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето го прават дел со сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување на техниката. Центар…
Одржан 25-тиот атлетски маратон во Охрид. Годинава тој беше во знакот на јубилејно издание, 25 години. Годинава жените се покажаа поуспешни од мажите со тоа што беше соборен рекордот во женска конкуренција, што мажите не успеаа во тоа само за 30 сек. Директорот на трката Влатко Димитриески рече дека оваа година атлетскиот маратон бил најмасовен. Тој кажа дека на првиот маратон кој се одржал во 1976 година стартувале само 4 атлетичари а годинава тој број е над стотина. Димитриески рече дека 30 километарската патека која не е лесна за истрчување воглавно поминала добро, со мали исклучоци.Нова…