На 6 ноември, оваа сабота точно во 12 часот, истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Апликацијата автоматски ќе биде затворена напладне.
„Од 4 октомври до 6 ноември е аплицирањето за Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, a првпат годинава тоа се врши по електронски пат. Тоа ќе го скрати и времето за чекање на резултатите. За идната година, и покрај пандемијата, се проектира пого…
Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите за безбедност од Ковид 19. Градот Охрид е еден од ретките каде што навреме сe спречува организирање забави со превентивно делување на службите од ДПИ и другите служби како што е МВР и останатите инспекторати. Благодарение на нашиот ангажман досега протоколите се почитуваат, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната единица на ДПИ.
„Таму каде што бевме известени дека е планирано да се одржуваат музички настани, а јавноста како што знае според протоколите музички настани со естрадни уметници се забранети да се изведуваат, превентив…
Електрика , железарија, бои и лакови, алати, опрема за заштита при работа, водовод, санитарија, плочки, бела техника и се друго потребно за домот по најдостапни цени од денеска можете да го најдете во новиот маркет на Електрометал во Охрид, лоциран кај фабриката Братство. Со проширување на продажната мрежа и во Охрид го зацврстуваме Електрометал како водечки DIY бренд во нашата земја“ кажа директорот на малопродажба Иван Калинов на свеченото отворање. „Ширењето на малопродажната мрежа е стратешка определба на Електроелемент, а со отворањето на овој маркет во Охрид, продолжуваме по претход…
Единаесетгодишно дете, неподвижно и болно од детска парализа чека институционална грижа. Пред еден месец прво го напушта таткото, а од пред една недела и мајка му. Сега болното дете е оставено на милост на соседите под надзор на социјалните работници. Детето прима терапија , консултиран е матичен лекар и психијатар. Се бара институција или згрижувачко семејство да се грижи за напуштеното дете, информира Ајтен Мусли, директор на Центарот за социјални работи од Охрид.
„Три дена работиме на случајот но заради Ковид 19 многу се ограничени капацитетите за сместување на детето. Се надевам дека д…
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Високи цени за влез и посети на локалитети во НП Галичица и отстуство на чуварска служба за наплата на влезот, се реакции кои стигнаа до редакцијата на ТВМ. На четворица граѓани неодамна им било наплатено по 200 ден од лице и тоа, како што велат, на излез после кратката прошетка, а кога влегувале немало наплатна служба. Овие коментари од вљубеници во планинарењето и Галичица беа повод да упатиме низа прашања до НП меѓу кое како се информираат посетителите и како функционира чуварската служба на паркот. Дали има промена на ценовникот за посети во НП, дали на наплатните места има вработени чу…
Деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ во должина од 750 метри.Во текот на денешниот ден се изврши поставување на првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно беше извршено поплочување на пашачките патеки со бехатон плочки, а беа поставени и нови рабници.Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.
Упорност, искрена посветеност и работа, поддршка од родителите и професионални, креативни тренери беше патот до успехот и целта – завршување на комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид на единаесеттата генерација на ученици. Тие на пригодна свеченост, во просториите на Црвен крст Охрид ги добија меѓународните сертификати за успешно завршена БОБ програма.
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во це…