Сеп 23, 2010

Разочарувачки 4-та и 5-та категорија

Застрашувачки резултати од испитувањето на езерската вода. Според анализите на Центарот за јавно здравје, водата, во добар дел од автокамповите на охридското крајбрежје, континуирано со квалитет од 4-та и 5-та категорија. Пред резултатите од ваквите анализи не треба да се молчи, туку треба да се изнајде начин под итно да се делува, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој кажа дека од нивна страна писмено било известено ресорното министерство, а проблемот го гледа во дотраените и стари прочистителни станици. Танасоски потенцира дека ваквите резултати ги има и држав…

Сеп 22, 2010

Опожарен бродот Силекс, спречена поголема катастрофа

Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници.Ова го потврдува и синоќешниот настан, во кој благодарение на брзата интервенција на против пожарната служба, СВР и итната медицинска помош, спасен е еден човек и спречена е поголема катастрофа.  Имено синоќа околу 21 часот беше опожарен бродот Силекс кој подoлг временски период е укотвен во каналот „Билјанини извори“. По…

Сеп 22, 2010

Тендер вреден колку „влакно од опашката на лавот“

Јавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката од лавот, со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески ја објасни вредноста на оваа инвестиција. Петрески додаде дека оваа јавна набавка претставува само една од мерките со кои локалната ќе се обиде да стави крај на појавата на диви агенции и дивите чекачи. Тој отфрли негова поврзаност или на некој негов близок, било роднинска или бизнис со економските оператори вклучени во тендерската постапка. Истотака вети максимална транспарентност и евалуација на тендерската документациј…

Сеп 21, 2010

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот  21-ви септември, на…

Сеп 21, 2010

Сообраќајно решение за ул. „7-ми Ноември“

Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“. Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“. Жителите пак, кои живеат на овој дел на улицата, се плашат дека тука ќе никне кружен ток. Тие се загрижени и за судбината на просторот пред самата џамија, кој досега им служел как…

Сеп 21, 2010

Продолжува да живее староградскиот мелос

Од Охрид по 22 пат ќе се разлеат звуците на староградската музика. В петок на 24 септември ќе се одржат традиционалните  Охридски староградски средби. Интересот за учество на средбите бил исклучително голем од ансамбли од целата земја кажува директорот на НУ ЦК „Григор Прличев“, Драгана Боцевска. За прв пат на оваа музичка манифестација учествува и вокалната група „Одесос“ од Варна, Бугарија. Во иднина тенденција на средбите ќе бидат да добијат и интернационален карактер. Што се однесува пак до селекцијата на 14 групи  учесници, таа е направена од републичките  центри за култура и ресорното…

Сеп 20, 2010

Нови обвинувања, стар тендер

Нови обвинувања во врска со тендерот на Локалната за набавка на touch-screen информативните пултови.Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, повторно обвинуваат во врска со овој, како што велат отаму скандалозен тендер.Нема крај на безбројните коруптивни афери и манипулации на Градоначалникот Петрески, повторно обвинуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Повторно предмет на обвинувањата е јавната набавка од Локалната на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО јавно го запраша Градоначалникот Петрески дали е вистина неговата и…

Сеп 20, 2010

Конечно изгласани управните одбори и планските документации

Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија.„Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не смееме да го дозволиме за…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top