Дополнително ќе се докажува дали црквата Св. Богородица Перивлепта лежи врз остатоци на постари сакрални објекти. Пронајдени се темели на постар објект кој допрва треба да се истражува. Копајќи околу темелите на црквата со што требало да се утврди дали влагата која лошо влијае на фрескоживопиост доаѓа од темелите археолозите наишле на овие темели информира Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство. „ Утврдивме дека има постари ѕидови од постари градби. Источно од црквата се појавиле основи од ѕидови кои се пртепоставува дека се од периодот од 3-5 век пред н.е….
Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Учениците од прва година од драмската секција и новинарскиот клуб презадоволни од оваа посета, со воодушевување зборуваат за впечатоците од мјуклите кои ги гледале.Проектот за посета на театарски престави надвор од Македонија, во случајов Белгард го осмисли и реализира драмската секција под водство на професорката Ирена…
Од понеделник ќе започне да работи со полн капацитет депонијата Мауцкер најавува директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев. По краткотрајното затварање на депонијата на која подолго време се одлага цврст отпад таа повтроно ќе биде отворена. Заврши тендерот кој го распиша локалната самоуправа за избор на најдобриот понудувач за нејзино одржување информира Алчев. „Во изминативе денови депонијата беше затворена од две причини. Едната беше од безбедносна природа заради гаѓањето на стрелиштето кое е во близина, а другата заради тендерот со кој се избораше најповолниот одржувач на …
Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка. Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар. Дел од вработените со …
Една милијарда и дваесет милиони. Толку многу луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост. Во Охрид гладуваат повеќе од 800 семејства. Црвениот крст од Охрид спроведува кампања за помош на оние кои се најпогодени од оваа екстремна форма на сирмаштија. Кампањата е поделена на неколку активности со кои отаму, се надеваат дека барем малку ќе им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Охриѓани, се борат со немаштијата. Некои повеќе, некои помалку свесни за големиот број на нивни сожители кои за жал, гладуваат.Предвидени се голем број активности кои ќе бидат насочени кон прибирањ…
Министерот за здравство Бујар Османи се запозна со вонредната состојба во охридската болница, тој направи увид на моменталната состојба со кадрите, опремата и текот на реконструкцијата на оваа здравствена установа. Согласно новиот концепт за реорганизација на здравството по региони, Министерот за здравство Бујар Османи ги посети болниците и здравствените домови во Кичево, Макеоднски Брод, Охрид и Струга. Цел на посетата е да се согледа состојбата со кадрите, опремата и процесот на реконструкција на дел од оваа здравствена установа во нашиов град. Османи потенцира дека станува за еден голем …
Денес, во Охрид, презентирани податоците од импактот што развојот на овој вид интернет го има врз еконимиите на европските земји.Министерот за информатичко општество Иво Ивановски изјави дека бројките кои доаѓаат од Европската комисија, Организацијата на Обединетите нации и како и Светската Банка, а се однесуваат на развојот на овој вид интернет и неговото влијание врз БДП и степенот на вработенст во европските земји, се неверојатно позитивни.Користењето на овој вид интернет овозможува зголемување на продуктивноста и е предуслов за раст на Бруто домашниот производ и кај нас, потенцира Ивано…
Позади партискиот став на СДСМ застана Томислав Тунтев. Тој во негов стил кажа дека, доколку на секоја точка од дневниот ред поврзана со урбаните документации, се изнесува непринципиелното на принципиелниот став на ДПМНЕ, ќе дојде, како што кажал некој негов војнички другар: „Јас имам еден принцип, никогаш не се држам до моите принципи“.Дека се постави знак прашалник по однос на двете спорни точки од дневниот ред на 24 седница, кои се однесуваа на донесување одлуки за локални плански документации, докажува одложувањето на овие точки за некоја наредна седница. Очигледно, туристичкиот комплек…