Окт 27, 2010

Како децата го гледаат оружјето

Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера. Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела земја. Таа потенцира дек…

Окт 27, 2010

Синдикалците на меѓународна конференција во Охрид

Светската финансиска криза која трае 2-3 години покрај финансиски проблеми предизвика и големи екномски, социјални и психолошки последици за вработените. Од овие проблеми недопрена неостана ни  Македонија која на економско – социјален план има доста проблеми. „Уште кога се појавија првите знаци на кризата, ССМ апелираше до владата на РМ навреме да се преземе мерки за да се амортизира незиниот удар врз македонската економија, но и на работните услови и работните места на микро ниво“, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Тој пред присутните проговори за усвоените четири пакети – анти…

Окт 26, 2010

Охрид нема да учествува во трката за манифестацијата „Град на култура“

Охрид одби да биде дел од трката за манифестацијата „Град на култура за 2011 година“. Калкулантство при изборот на градот, навреди и потценувања на останатите апликанти, како и политизација на самата манифестација се само дел од причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година, вели Советникот за култура при Општина Охрид, Митре Вељаноски. Ланската година ни со планиран буџет од околу осум милони денари распореден за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата “.Вељаноски додава дека политиза…

Окт 26, 2010

Одложено првото рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“

Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде дека причината поради н…

Окт 26, 2010

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани. Интензивно течат зафати…

Окт 25, 2010

Доделување награда или политичка фарса?

Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски. Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно дело, наградата Патр…

Окт 25, 2010

Компјутерската евиденција стави ред во инсулинската терапија

Лицата заболени од дијабетес во моментов се задоволни од снабденоста со инсулинската терапија. Се стави ред по инсулинската криза што беше карактеристична на почетокот од годинава вели Димче Панџак претседател на здружението на охридските дијабетичари. Центарот за дијабетес при Општа болница во јули го реши проблемот со инсулинската терапија. Со компјутерска  евиденција на сите заболени од дијабетес ги одреди поотребните количини за дневна и месечна потреба на пациентите  вели Панџак. Додава дека на овој начин се избегнати гужвите во Центарот и е во многу е олеснета работата за вработените….

Окт 25, 2010

Мал број пријави за добивање субвенции за греење

Само 25 корисници на социјална парична помош и постојана социјална помош доставиле фактури со платено греење до Центарот за социјални работи.  Единствено на тој начин може да го остварат правото за субвенционирање на греењето вели директорот на Центарот, Екрем Каљоши. Тој објаснува и зошто се пријавиле толку малку корисници од евидентираните 800. „Тоа се должи на неплатените сметки за потрошена електрична енергија за септември  и октомври, но во наредниот период  се очекува кумулативно поднесување на фактурите и тоа заклучно со  декември. Корисниците на социјална помош ќе добиваат по 600 де…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top