Ное 10, 2010

Вина кај сите, само не кај Охрид!

Сивите зони до израз. Предлог одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.07 до 30.09 годинава, темпирана бомба. Јованка Дамоска, советничка на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека слабостите за кои редовно укажуваат, со кварталниот извештај доаѓаат до израз. Според неа сивите зони посебно се очигледни во контото за субвенции и трансфер. Дамоска потенцира дека најголемата слабост е процесот на реализација на буџетот, како и нереалните соништа на градоначалникот Петрески. „Кварталниот извештај е образец кој во целост е преземен онака како што е зацртано од Министерств…

Ное 10, 2010

Постојан видео-надзор во училиштата во Охрид

Постојана чуварска служба, видео-надзор и континуирано присуство на полицијата се дел од мерките што ќе се воведат во средните и основните училишта во Охрид, за да се придонесе за намалување на наркоманијата како најголема опаснот по младата популацијаТоа се дел од мерките за кои расправаше Локалниот совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, на состанокот посветен на општата безбедносна состојба во општината, наркоманијата, справувањето со ризиците од кучињата-скитници, питачењето и уличното осветлување, како услов за безбедност во заедницата.На средбата е укажано и на потребата о…

Ное 9, 2010

Канческа Милевска нема време за „Охридско лето“

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска деновиве е зафатена со докажување дека се е валидно околу проектот „Скопје 2014“, па не успеала да види кој се се токми за прв човек на реномираниот фестивал „Охридско лето“, иако конкурсот заврши уште на 26 октомври. Инаку од министерството за ТВМ велат дека пристигнале 12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност. Во трката за една од најп…

Ное 9, 2010

Одобрен е планот за управување со отпад

Донесен еден од најважните документи за управување со отпад во нашата општина. Планот за управување со отпад кој беше доставен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставува стратешки документ на активностите што следат и основа за пресметување на потребните средства кои ќе се одделуваат од буџетот на општина Охрид во врска управување со комуналниот отпад. Вишиот соработник од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина од општина Охрид, Хавза Реџеп Какел вели дека нашава општина е една од првите кои во РМ го донесе овој план за периодот од 2009-2…

Ное 9, 2010

Чуварите во охридските училишта без плата два месеци

Чуварите кои се ангажирани за обезбедување на 9-те основни и 3 –те средни училишта, како и за детската градинка Јасна Ристеска, реагираат – не зеле плата два месеци. Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа. Од таму потврдувааат дека на дел од чуварите исплатена им е плата заклучно со септември, а на дел платата им се исплаќа со задоцнување од неколку месеци. Објаснуваат дека, сепак  пари  за сработеното ќе добијат сите. Од локалната самоуправа информираат дека во овие услови на безработица и недостиг на финансиски средства, општината им излегува …

Ное 9, 2010

Обвинувања за организиран криминал во ЈП Македоски шуми „Галичица“

Марјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие. Инцидентот со шумската полиција во Велгошти, состојбата со безбедноста и стопанисувањето со шумите во охридскиот реон го натераа како што вели  повторно да  укаже на со години наназад неразрешените  состојби во ова претпријатие. „ Односно на криминално однесување на лица вработени во Макеодснки шуми, директно инволвирани во организиран криминал за што постојат документи како доказен материјал. Костоски ги набројува како криминални дејствија превозот и транспортот  на дрва…

Ное 9, 2010

Охрид со своја презентација во Лугано

Природните убавини, како и богатото културно наследство и традицијата на Охрид беа презентирани за време на осмиот Меѓународен саем за туризам, кој се одржа во Лугано во Швајцарија во последните неколку дена.Ова е четврти пат по ред како Охрид зема учество во овој саем во текот на кои се случуваат состаноци меѓу европските туристички агенции.Општина Охрид спроведе успешни средби со реномирани агенции од Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и соседна Словенија.{loadposition content9}

Ное 8, 2010

Шумите во атарот на селата Велгошти и Скребатно мета на дрвокрадци

Инцидентот што викендов се случи со шумската полиција во Велгошти ја наметна дилемата колку шумите во охридскиот реон се безбедни од крадци на дрва. По низа процедури, денес, од јавното претпријатие „Македонски шуми“ добивме одговор на ова прашање. Раководителот на заштита на шуми, Борис Недески  посочува дека најизразена е незаконитата сеча на шумата токму  во атарот на селата Велгошти и Скребатно. До шумската полиција, шумарите од „Македонски шуми“ годинава поднесле околу 30 пријави. Пријави за дрвокрадци од Велгошти има скоро секојдневно.  Откриени се случаи и со 80 метри кубни дрва исе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top