Дек 27, 2010

Цената во oхридските градинки останува иста

По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и вос­пи­ту­ва­ње на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика  излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 де­на­ри на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за до­ма­ќин­ство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не сакајќи јавно да говора…

Дек 27, 2010

Во Охрид Формирано здружение на деца со дијабет

Во општинава се евидентирани до полнолетство 12 деца, а додека останатите над 18 години се вбројуваат во категоријата на возрасни. Иницијативата за формирање на едно вакво здружение потекна од родителите кои бара начин да се следат проблемите поврзани со дијабетот, но и да им се помага на децата  вели претседателот на првото здружение во регионов, Зоре Димоска.„ Здружението ќе помага во едукација на децата и нивните родители за полесно да се справуваат со дијабетот“.Здружението на деца со дијабет има годишен план со кој се поставени повеќе цели и задачи. Над 60 посто од планираните активнос…

Дек 27, 2010

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив.Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската гимназија е един…

Дек 27, 2010

Охридските домови мета на крадците

Охридските домови сеуште мета на крадците. Злосторниците не бираат, дали станува збор за викенд станови и куќи или пак за постојани живеалишта. И покрај тоа, охриѓани, се чувствуваат безбедни и веруваат во работата на полицијата.По пријавите на граѓаните за зачестени кражби во нашиот град, го исконтактиравме портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој не информира дека објекти кои најчесто се предмет на грабеж се куќите и становите, без разлика дали станува збор за викенд или постојани живеалишта. Се почесто, на мета на провалниците се и продавниците. Според начинот на кој се извршени гра…

Дек 27, 2010

Антонија Шола за Нова Година на плоштад

Од Општината откриваат кој ќе ги забавува охриѓаните и гостите кои ќе се решат Нова Година да ја дочекаат на плоштад. За најлудата ноќ во Охрид, општината ги капарисала Антонија Шола и македонската музичка група Ар-Ен-Си Бенд. Како предгрупа на реномираните гости, ќе настапат младите музичари од охридската група Ноу Фан. {loadposition content9}

Дек 27, 2010

Сообраќајната култура во Охрид

Почитувањето на сообраќајните правила во Охрид, сеуште далеку од потребното ниво. Сообраќајната сигнализација се почитува селективно и покрај фактот што казните за такво однесување се доста високи. Се спроведуваат активности од надлежните за да се подобри сообраќајната култура кај граѓаните.„ СВР-Охрид во континиутет, преку цела година презема мерки, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, во делот на почитување на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Паралелно со тоа, СВР-Охрид спроведува и повеќе кампањи и проекти кои се насочени кон подигнување на…

Дек 25, 2010

Легализацијата прескапа

Граѓаните имаат сериозни забалешки на предлог законот за легализирање на дивоградбите. Дел од нив категорични во своите изјави дека буџетот на обичниот македонски граѓанин не дозволува дополнителни трошоци. Додаваат не се точни тврдењата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски дека давачките за легализација ќе биле минимални. „Овој закон ваков каков што  просто е неизводлив.Социјалниот елемент воопшто не е земен во предвид.Има цели населби овде во Охрид каде ретко кои има платено комуналии.Еве јас земам 7500 денари инвалидска пензија, а треба да платам околу 2000 евра.Кога би из…

Дек 25, 2010

Охрид има врвни млади и талентирани музичари

Над 100 ученици од гимназискиот хор и основното  музичко училиште  кои настапија на Новогодишниот концерт во организација на Лајонс Клубот Охрид потврдија дека Охрид располага со млади талентирани  музичари. Пееа, танцуваа  и свиреа со еден збор изведоа прекрасна музичка програма која  ги воодушеви присутните. Програмата се состоеше од четири музички блока  валцери, божиќни и новогодишни песни, како и  фрагменти од цртаниот музички филм Малата Сирена. Профeсорот по музика  Александар Димоски вели „ располагаме со таленти кои треба да ги откриеме и кај кои треба да го развиваме талентот, но …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top