Дек 30, 2010

Дедо Мраз делеше пакетчиња во општинската зграда

Дедо Мраз во посета на општина Охрид. Денеска во локалната се сретна со децата од социјално загрозените семејства и им донесе пакетчиња. Градоначалникот Александар Петрески крајот на годината ќе ја одбележи со хуманитарни акции. По вчерашниот ручек со хендикепираните лица, денеска се делеа пакетчиња, а утре според агендата на градоначалникот на социјално загрозените семејства треба да им поделат социјални пакети. Градоначаникот ветува дека откако ќе ги добие ингеренциите во социјалната свера, локалната многу повеќе ќе им помага на социјалните семејства. На крајот на годината сите се сетија …

Дек 30, 2010

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат и буквално се ценкаат з…

Дек 30, 2010

Успешна година за охридските пензионери

Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите се исплаќаат навреме. Ок…

Дек 29, 2010

Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони денари, како и изградб…

Дек 29, 2010

Фалат иницијативи за нови програми

Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО – ДПМНЕ рече дека Сов…

Дек 29, 2010

Доживотен затвор за Живко Англески за убиството на својот брат

Во Основиот суд Охрид, денес епилог на грозоморното убиство кое пред една година го потресе Охрид. За убиството на својот брат Александар Ангелески, сега веќе осудениот Живко Ангелески ќе се соочи со доживотна казна затвор. На второосудениот Зоран Јовески, за кривично дело помагање при убиство, изречена му е казна затвор во траење од 12 години. На донесувањето на пресудата му претходеше крајот на доказната постапка. И двајцата осудени, пред изрекуавњето на пресудата изјавија дека не се сторители на кривичните дела за кои се теретат. Одбраната и на двајцата сега веќе осудени незадоволна од и…

Дек 29, 2010

Ги натепал вработените затоа што побарале плата

Четири вработени во текстилната компанија „ Викторија – Фешн “ барајќи си ги своите основни права биле нападнати вчера од сопственикот. Вербалната расправија до која дошло во просториите на компанијата излегла од контрола и можело да заврши трагично. Вработените само си ги побарале своите неисплатени плати по што следувало неочекувана реакција од страна на сопственикот Н.К. (28). Тој извадил стартен пиштол од своето биро и сакајќи да ги заплаши вработените испукал во воздух. Една од вработените Љ.У. (46) била нападната со дршката од пиштолот при што и е нанесена повреда во пределот на левот…

Дек 29, 2010

Новогодишен панаѓур во ОУ „Св. Климент Охридски “

Настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ги подржуваме, вели директорката на ова училиште, Славица Илиќ. Секогаш излегуваме во пресрет на иницијативите на родителите, а денешниот настан е пријатно изненадување за нашето училиште, додава таа.Со денешната акција собрани се 17 500 денари. Тие ќе бидат искористени за тековните потреби на училиштето. Ќе се потрошат за купување тонери и останати работи кои се неопходни за тековно работење на училиштето. Износот е симболичен, но многу значаен за нашето училиште, вели Илиќ. „Со овој настан докажавме дека доволна е само добр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top