Во текот на сите овие години не се случило традицијата да се прекине. Каде и да се 8-те семејства на 13 јануари заедно ја прославуваат Василица. Покрај веселата атмосфера традицијата на славење е пропратена со посебни ритуали и правила.Правилата се тие кои 25 години ја одржуваат традицијата се согласуваат сите во друштвото. Кумот домаќин на овој ден добива пехар на која е врачена датата на годината на кумството и златна паричка. Се играат купчина и се води строга евиденција на кумствата по години , но и сите весели случувања и анегдоти кои се пропратени на дружењето. Сите обичаи, прави…
Локалната самоуправа има големи планови за 2011 год. Градоначалникот смета дека токму годинава ќе се изградат неколкуте капитални проекти за Охрид. Петрески за ТВМ ги открива плановите за оваа година.Владината одлука со која државното земјиште од трета, четврта и петта категорија, од месец јуни 2011 год треба да премине во рамките на општината, ќе овозможи токму на тие места конечно да се изградат капитални објекти, вели Градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека за овие промени локалната треба добро да се подготви.Градоначалникот Петрески вели дека, локалната веќе размислува и з…
Акредитацијата е веќе добиена, па во периодот кој следи оваа установа ќе може да се пофали дека е само на чекор до тоа да стане клиника, вели портпаролот Д-р. Сашо Василески. Од раководството на болницата додаваат дека, паралелено со нејзината реконструкцијата и опремувањето со најсовремена апаратура, интензивно се работи и решавање на кадровските проблеми и пречки. „Јас морам да констатирам дека минатиот период не е водена никаква аналитика во однос на старосната граница на нашите лекари. Охрид во моментов има највисока старосна граница на лекари. Многу од нив заминуваат во пензија и се п…
Светилникот на Охридското пристаниште веќе неколку дена не функционира. Проблемите со електрониката ги натерале од Охридската капетанија светилникот да го стават надвор од функција. Во меѓувреме пловните објекти во нашето езеро се снаоѓаат кој како знае. Стапивме во контакт со Љупчо Настоски-капетанот на Охридската капетанија кој не информираше за проблемот. „ Светилникот се сервисира веќе три-четири дена. Имаше проблеми со електрониката но тие проблеми би требало да бидат отстранети најкасно до задутре и светилникот ќе биде ставен во функција“-рече капетанот на Охридската капетанија, Љупчо…
Канализационата цевка во населбата Христо Узунов санирана уште во понеделникот. Од Нискоградба најавија брза реакција и тоа го остварија. Отворената шахта е веќе покриена и дефектот на кој реагираа граѓаните е отстранет. Минатата недела информиравме за случајот со недовршениот зафат на канализационата цевка во населбата Христо Узунов. Група загрижени граѓани од оваа населба реагираа на само делумно завршената работа. Тие се пожалија дека веќе неколку дена оваа канализациона цевка не била поправена и дека надлежните од „Нискоградба“ не си ја вршеле својата должност. Сепак оваа отворена канал…
Повторно изнесени бројни невистини, кои се однесуваат на реновирањето на дел од охридската болница – велат од раководството на оваа здравствена установа. Од тоа дека станува збор за дивоградба, до информации дека работата била стопирана во целост, додаваат отаму. Портпаролот Сашо Василески, кажува дека повеќе од 3 месеци трпат ниски политички удари, како од страна на група доктори, така и од првиот човек на градот, градоначалникот Александар Петрески. Василески потенцира, дека ова е здравствена институција која му служи на народот, а не на партиите.Инаку од раководството велат дека реконстр…
По распишаниот оглас за изработка на Студија за заштита на блатото од страна на општина Охрид, подготвена е Нацрт Интегрирана студија за состојбата со остатокот на Студенчишкото Блато и мерки за негова ревитализација. Предметот за заштита на студенчишкото блато е предмет кој се работи неколку години наназад и е еден од приоритетите за заштита на целокупниот слив за заштита на Охридското езеро, кој е утврден во билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. „Компонентата студенчишко блато е многу важна не само за живиот свет кој живее во него, туку и за поврзаноста со езерскио…
Ништо невообичаено за овој период од годината,вели првиот човек на центарот за јавно здравје. Регистрирани неколку случаи на клинички грип.Зимата е период на настинки. Покрај ниските температури вообичаени за овој период, дополнителен проблем се и варијациите со временските прилики. За изминатиот период регистрирани се неколку случаи на клинички грип. Михаилов потенцира дека тоа не се вирусни случаи, туку станува збор за настинки со полесни симптоми, како што се главоболки, болки во зглобовите и слично.Дополнително е отежната состојбата за ризичната група со зголемената влажност во воздухот…