Реакции и поделени мислења во врска со регуларноста на вчерашното фрлање на светиот крст. Во електорнското писмо кое стигна до нас, се потенцира дека посебна „заслуга“ за незадоволството има владиката Тимотеј, кој секоја година се напрега да „погоди“ некој од „подобните“. Исто така револтираниот граѓанин реагира и на организацијата на самата манифетсација од страна на здружението „Богојавление“, со зборовите дека ова здружение наместо максимално да се вложи за фер и достоинствен настан, го обезвреднува со плитки оправдувања. Но, како и секоја година и годинава мислењата на охриѓани се разл…
Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци. Пред извесно време ново археолошко богатство беше најдено во непосредна близина на „св. Богородица Перивлепта“.Токму на ова место при најновите археолошки ископувања откриени се околу 8 гробови. Тие се од Македонско- Хеленистичкиот период и го опфаќаат вториот и третиот век пред нашата ера. Археолошките пронајдоци се од огромно значење за нашето културно наследство вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство на Македонија.Во непосредна близина на една од куќите, заради потребата од инфраструктурни ископувања от…
Дваесет и едногодишниот Јован Делов денес беше најсреќниот Охриѓанец. Тој од водите на езерото го извади светиот крст, кој од бродот „Галеб“ го фрли владиката на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј. Делов изјави дека се чувствува неверојатно и дека му посакува на секој од оние кои скокаат во водите на езерото да го доживее истото чувство. Видно возбуден Јован кажа дека седмиот обид за да го фати светиот крст, за него бил успешен.
Манифестацијата започна во 9 часот со културно – уметничка програма и незаменливата топла ракија, која бесплатно се делеше на повеќе пунктови на градскиот плошт…
Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот.
Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот амбасадор …
Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии.
Познато е дека овој празник и обичаи се празнувале уште во вториот век од христијанската ера. Ден по водопос се празнува Водокрст, празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.
Празникот се наре…
Денеска во Основниот суд во Охрид, одложен судскиот спор за потонувањето на бродот „Илинден“. По втор пат, на главниот претрес, иако, претходно бил уредно поканет, не се појави второ обвинетиот Бранко Баиќ, претставникот на осигурителната компанија „Лојд“, кој живее во Белград. Обвинителот Зоран Митрески, даде предлог до судијката Милка Танеска, која го води овој претрес, на второ обвинетиот Баиќ да му се суди во отсуство. Поради оваа причина, Танеска го одложи денешното рочиште за 28 февруари, како би имало време Баиќ да биде известен за предлог решението Судскиот совет, по барање на обвин…
Од колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“. Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри, Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти.
„ Доделени се средства за музичко балетската престава Палешка, промоијата во културно информативниот центар во Софија на писателот Тоде Илиевски за …
Поднесен извештајот за работата на АДКОМ. И годинава традиционално, ден пред Водици, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија го одржа годишното собрание. На состанокот беше презентирана предлог програмата за работа на АДКОМ за 2011 год. Оформување на база за подобро делување на комуналните претпријатија во земјава е главна цел за која лобирање пред Централната власт истакна потпретседателот на АДКОМ, Музафер Мурати.
Мурати признава дека постојат низа проблеми од комуналната сфера, пред кои мора цврсто да се застане за да се надминат. Тој остави голем простор за новина…