Градбите на објектите по локална планска документација сеуште стопирани. Постапката за овие документации веќе втор месец замрзната од страна на уставниот суд. Оваа институција неодамна започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии, на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти. Портаролот на уставниот суд на Р Македонија Југослав Миленковски, во телефонскиот разговор, истана дека кај сите објекти, вклучувајќи ги и оние со комплетна документација на граѓани, помината на совет, мора да…
И додека министерот го објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за настап на фетсивалот. Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска. Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција и минатата година …
Стрезо Стаматоски верува во „хепиенд“. Еден е од актерите ентузијасти кои веруваа во создавањето на охридскиот театар. Своите студии ги завршил во Софија, Бугарија на престижниот „Љубен Гројз“ театарски колеџ, во класата на Енчо Халачов. На почетокот на постидпломските судии љубовта кон театарската игра и тоа во својот роден град го водат назад во Охрид. Според многумина тежок пат, според Стрезо, вистинскиот избор. Стаматоски се надева дека ќе биде дел од најавената априлска премиера. „Навистина беше тешко да се убедат одредени луѓе, особено родителите, зошто одбираш професија која не можеш…
По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните, потенцира Ќато. Ние …
Градот Охрид го доби свјот професионален театар. Денес во Охрид Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска ја соопшти веста дека Владата на РМ ја усвои информацијата доставена од страна на Министерството за култура, за формирање посебна организациона единица Театар во состав на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“. Со ова постојаната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на Охридскиот театар и ќе бидат стимул и продуктивен импулс за младите актери и те…
Завршија Новогодишните и бројните верски празници кои следуваа по тоа ама останаа повторно угостителските пропусти кои му задаваат сериозен удар на туризмот на охридската ривиера. До нашата редакција стигна реакција од гости незадоволни од угостителскиот третман на дочекот на Нова година на плоштадот во Охрид.Тие посакале во едно од бројните кафулиња на плоштадот да се напијат чај со рум, но останале непријатно изненадени кога од кафулето каде што нарачале пијалок ги одбиле со изговор дека таа вечер не послужуваат чај и кафе. Ваквиот однос на угостителите го осудуваат бројни сериозни у…
Првиот човек на СДСМ, Бранко Црвенкоски се поприсутен во охридската јавност. Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Науме Јованоски објаснува дека се реализира зацртаното од пред 18 месеци, А тоа е раководство на СДСМ да е се поприсутно меѓу народот. Но многу од оние тврдокорни социјал- демократи не беа забележани во трите тајфи кои остварија средби со охриѓани. Дали тоа се должи на внатрепартиско групирање или раздор, Јованоски со став. „Нема никаков раздор, јас бев презафатен и неможев да забележам дека фали некој од нашето членство. Сите беа уредно повикани и верувам дека си ги исполнаа о…
Конечно, разрешена неизвесноста со традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја разјасни дилемата ќе има или не пари за годинешниот мрест. Склучен е меѓусебен договор на сума од 4 милиони денари, или еден милион денари помалку, средства од првичната сума која ја побарале од Хидробиолошкиот Институт за оваа намена. Во близина на двата локалитети Пештани и Трпејца денес беа фрлени првите мрежи со кои започна ловот на пастрмаката за собирање на икра. На првиот ден од започнувањето на мрестот се собрани 60.000 икра. Спо…