Еден и пол милиони евра за заштита прекуграничниот регион Преспа. Станува збор за проект со кој овој регион, ќе прерасне во трилатерален UNESCO биосферен резерват, еден вид рамка за заштитените подрачја и напорите за заштита на овој регионот. Спречување на понатамошната еколошка деградација, како и загадувањето на овој регион беа некои од точките за кои се зборуваше на конференцијата, истакна Министерот на МЖСПП, Неџати Јакупи.
Сепак на конференцијата не стана збор за органското загадување на двете езера на кое експертите предупредуваат . Така неодамна Професорот за инженеринг за заштита н…
Она, за што деновиве неофицијално се говореше, денес менаџерскиот тим на АД “Жито Леб“ го потврди. Склучен е Договорот за купопродажба на недвижен имот и соработка помеѓу АД “Жито Леб“ од Охрид и АД “Жито Лукс“од Скопје. Со овој договор АД “Жито Леб“ изврши купување на малопродажниот сектор на АД “Жито Лукс“, односно ги презема сите активни продавници во Скопје заедно со вработените. Се работи за вкупно 16 продавници, од кои 11 ги купуваат, а останатите ги преземаат со опремениот инвентар и договорот за наем. Вредноста на продавниците кои ги купуваат e околу 2 милиони евра. Од менаџерскио…
Локалната самоуправа од Охрид, со здружени сили, контра сите искази кажани на вчерашниот прес на ВМРО – ДПМНЕ. Локалната е будна и неспие. Ова е заедничкиот став на раководителите на општинските сектори, кои транспарентно и одговорно излегоа пред јавноста да кажат што сработиле. Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски се пофали со фактот дека општина Охрид е рангирана на 4 место по успешност, во конкуренција на 84 општини во Р. Македонија.
Советникот на градоначалникот за сообраќај, Зоран Шикалоски рече дека, дел од вработените во Локалната се изненадени, кој се поставува прашања…
ЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите. Со училишните квизови досега опфатени се 258 училишта во Македонија во 85 општини, вклучувајќи го и градот Скопје.
„ Идејата за училишниот проект дојде од две места. Нашите колеги од Австрија спроведуваат сличен проект долги години и посетуваат деца од школска воздраст и посетуваат работичници за разумно користење на елекстричната енергија.
ЕВН кога дојде во Македо…
Подигнување на свеста кај македонките за опасностите кои ги носи ракот на грлото на матката. Ова е основната идеја на Здружението за борба против ракот -„Борка“. Отаму спроведуваат едукативни сесии низ земјава за оваа болест која одзема голем број на животи.
Првиот чекор во одбрана против ракот на грлото на матката е спознавањето на самата болест. Подигнувањето на свеста, пред се кај жените и младите девојки е една од најдобрите превентивни мерки. Здружението за борба против ракот-„Борка“ од 10 до 17 Февруари одржува едукативни сесии за оваа болест во неколку градови низ Македонија. Така у…
Кога се сака, се се може! Ансамблот „Филиграни“ полека прераснува во бисер на македонскиот фолклор. Иако постои кратко време, ова културно-уметничко друштво располага со богат репертоар. За годинава од „Филиграни“ најавуваат и бројни учества на домашни, но и меѓународни фестивали.
Љубовта кон македонското оро никогаш не замира. Колку е поголем бројот на културно-уметнички друштва, толку полесно се негува традицијата. Доказ за ова е Ансамблот „Филиграни“. Ова културно-уметничко друштво иако постои само нешто повеќе од година дена, покажува зрелост и огромна посветеност во работењето. Со реп…
Нови базени,трибини како и можно одржување на уште едно ЕП во кошарка.
Ова се само дел од активностите кои ќе ја одбележат годината во СРЦ „Атина Бојаџи“. Охрид и Центарот, оваа година се во игра да бидат домаќини на Европското младинско првенство во кошарка до 19 години. Директорката на СРЦ Гордана Јованоска вели дека, условите и капацитетот на салата се задоволувачки, контактите со КФМ се направени, се чека само посета на нивни претставници на центарот.
„Требаше овој викенд да не посетат, да видиме што бараат а што ние можеме да им овозможиме, да склучиме договор и конечно да знамеме да…
„Жито леб„ АД Охрид по се изгледа ќе ги преземе активните продавници од Жито Лукс“ АД Скопје. За тоа ќе биде склучен и официјален договор за деловна соработка со преддоговор за купопродажба на недвижен имот и купопродажба на производи со фирмата. Преговорите денес добија на интезитет и се очекува да се склучи договорот. Од „Жито леб“ велат дека иако во некои медиуми беше објавено дека договорот е веќе склучен, на него сеуште официјално не е ставен потпис. Од ова Акционерско друштво деновиве за ТВМ ќе дадат подетални информации околу нивното евентуално влегување на скопскиот пазар. Во секој …