Фев 28, 2011

Поставувањето на дивите тезги долж кејот да се регулира со закон

Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог. Да се спречат загубите кои ги трпи општина Охрид поради диво поставените тезги на кејот. Советниците на ВМРО-Народна со став-поставувањето на тезгите долж кејот на езерото да се стави во законски рамки. Минатата година, годишната програма за поставување на урбана опрема и покрај тоа што била едногласно донесена, нејзиното спроведување на дело одело многу потешко. Повеќето советници сложни околу потребата за измени на…

Фев 28, 2011

Извештаите за работата на локалната пред советниците

Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани дневните редови на сед…

Фев 28, 2011

Во Охрид нема дефицитарна професија

Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност  во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии, укажува Пеце Павловски од Агенцијата за вработување, советник на меѓуопштинскиот тим за пазар на трудот. „Суфицитарни се сите професии, ама  најбарани со ниско образование се шивачите, заварувачите, и во лето келнерите и готвачите. Со високо пак, се најбарани  информатичарите и градежните инжинери,“ објаснува Павловски. Статистиката за Југозападниот регион на земјава, во кој меѓу неколкуте градови влегува и Охри…

Фев 26, 2011

Ерван Фуере и на заминување распеан и полн со емоции

Непосреден и искрен, секогаш достапен и разговорлив, Ерван Фуере го заврши својот мандат во Македонија. На прошталната забава организирана од страна на Локалната самоуправа од Охрид по повод неговото заминување, присутни беа градоначалниците на Струга и Охрид, преставници од советот на Општина Охрид, членови од здружението „Богојавление“ и охридските новинари. Тие поединечно му се заблагодарија за долгогодишната соработка и го почестија со Охридски сувенири. Фуере расположен како и секогаш, ги запеја и своите омилени охридски староградски песни. „Јас бев длабоко почестен што ја добив слобо…

Фев 26, 2011

Годишнина од смртта на Борис Трајковски

Македонците се присетија на кобниот 26.02.2004 год. денот кога се сруши претседателскиот Кингер и загина претседателот Борис Трајковски со 8 мината негови блиски соработници. Со полагање венци пред спомен одбележјата ширум државава, но и кај Ротимље во близина на Мостар, беше одбележана седум годишнината од смртта на македонскиот претседател. Годишнината од смртта на Трајковски и неговите соработници и членови на екипажот беше одбележана и во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.  На неговиот гроб цвеќе положи неговото семејство, делегација од Кабинетот на претседателот Ѓор…

Фев 26, 2011

Бран поскапувања ја зафати Македонија

Низа поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата. Регулаторната комисија за енергетика цени дека новата цена на електричната енергија треба да биде повисока за 5,48 отсто. Оваа одлука беше донесена на подготвителната седница, пред два дена, а конечната одлук…

Фев 26, 2011

Голготата на еден револуционер

Луѓето најчесто не се случајни минувачи низ животот. Некој белег оставаат сега, а некој тоа го направиле во минатото. Еден од нив е охридскиот адвокат, македонскиот револицинер со напредни идеи Петре Пирузе Мајски. Во семејството на Сотир и Хрисанта Пирузе, во 1907 година, е роден македонскиот револуционер Петре Пирузе Мајски. Во родниот град ги поминува детските и младешките години, завршувајќи основно училиште и гимназија. Во 1926 година умира татко му и во семејството настапуваат тешки денови на економски план. Неговиот стрико само со една плата го издржувал повеќечеленото семејств…

Фев 25, 2011

Младите во училиштата стануваат се поагресивни

Агресивноста на тинејџерите се повеќе доаѓа до израз. Сведоци сме на зачестените насилни сцени во училиштата низ земјава. Притиснати од социјалните прилики, младите се повеќе проблемите ги решаваат со насилство. Прашањето е, каде да се бара одговорноста? Сцени како во холивудските филмови, малолетни деца физички се пресметуваат со свои врсници, а не ретко во пресметките се употребува и ладно оружје. Најсвежи примери се инцидентите кои се случија во границите на двете средни училишта „Браќа Миладиновци“ во Драчево и „Коле Неделкоски“ во Велес каде со нож беа прободени двајца малолетници. Се…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top