Училишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште.„На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители. Советот го сочинуваат 53 п…
Приватните агенции за привремено вработување, против работењето на црно. На прашање за тоа колку од агенцијата се запознаени со појавата на потпишување бланко договори во туризмот, Директорот на агенцијата за привремени вработувања,„Партнер“, Раде Ненадиќ вели дека со овие појави, од агенцијата се среќаваат низ целата земја, не само во Охрид и не само во сферата на туризмот. Но како стопанска гранка која е карактеристична за ова подрачје, во туризмот се и најголемите вработувања на црно. Не е логично хотел кој работи сезонски, преку целата година да држи персонал потребен за работа колку шт…
Од Правната служба на локалната самоуправа информираат дека Дисциплинската постапка против Радован Велјаноски, службеникот кој самоволно одлучи да се исечат 6-те дрвја на улица Партизанска е во тек. Согласно одредбите од Правилникот за начин на водење постапка за дисциплински престап постапката ќе биде завршена во законскиот рок,а епилогот од истата ќе се знае многу наскоро, кусо за ТВМ изјави секретарот на Локалната самоуправа Димитрија Вревезоски. Со оглед на поволниот период за режење на дрвјата Комисијата за проценка работи непречено, но во друг состав.
Од локалната самоуправа инфо…
Ниеден инвеститор повеќе нема да може да гради врз основа на локална урбанистичка планска документација. Вака неодамна пресече уставниот суд, по што укина 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко уредување, кој се однесуваа на уредување на просторот. Причина за ваквата одлука беше оценката на Уставниот суд дека постои паралелен систем на урбанистичко планирање или два различни системи на планирање. Притоа, со овие државни и локални урбанистички и плански документи се излегува во пресрет на едни граѓани без да се информираат и вклучат и други граѓани што е предвидено при носењето на де…
Лабунишките ловџии повторно на протестен митинг. Овој пат, околу стотина претставници и симпатизери на Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа, речиси три часа го блокираа соопраќајот на Главната раскрсница Струга-Дебар-Ќафасан. Причина за протестниот митинг, велат од друштвото, е одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја додели коцесијата на ловно друштво од Вевчани, старо малку повеќе од една година.
„Станува збор за друштво кое е формирано во 1932 –т а година. Иако во 200-та ни беше одземено правото да стопанисуваме со ловиштата, ние продолживме со нив…
8-ми Март инспиративен за унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Струга. Го посетија семејството Рајчиноски од с.Мислешево. Донираа прехранбени артикли и средства за хигиена на малата Дукадинка Рајчиноска. Ова петчлено семејство живее во тешки услови. Ги земаат само скромните месечни примања од социјалната помош и средствата за нега на малата Дукадинка. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Струга им посака многу здравје, успеси и среќа, а воедно, и го честитаа 8ми Март на мајката на Дукадинка.
„Ние со еден скромен подарок до неа, до нејзината фамилија, до нејзините дечиња, еден гест на Унијата на же…
Древниот Охрид низ 4 милениумскиот период на континиуриран, градски живот има богата историја. Хроничарите на Охрид низ вековите оставиле бројни записи од настани, градби, личности. Некои од нив живеат, а некои се заборавени. Една од подзаборавените стории е и онаа за охридскиот ѕид на плачот. За неа потсетува сегашниот хроничар на Охрид, Владо Ангеличин Жура. Станува збор за некогашниот ѕид висок 2 метри, долг неколку стотина метри, изграден во 1818 година околу црквата Успение на Пресвета Богородица, Каменско. Сторијата за овој ѕид пак е забележана во 19 век, од летописецот Никола Поп Сте…
Младите членови на фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“ им рекоа НЕ на дрогата, алкохолот, цигарите, а ДА на спортот и фудбалот. Оваа фудбалска школа не ги подучува дечињата само на фудбал, туку и од нив прави целосни личности. Иако е основана од неодамна, сепак работи со полна пареа. Се фокусирале на најмалите.Иако се соочуваат со лоши инфраструктурни услови, сепак макотрпно работат и постојано напредуваат. Велат: „Работиме поинаку од другите, темелно сме го разработиле овој план.“ Сепак освен фудбалот тие учат и нешто друго.„Најмногу се фокусиравме на однесувањето, да имаат еден карактер, …