Мар 17, 2011

Вистината на виделина

„Бистрината на умот ми ја дава вевчанската вода. После 18 месечна битка вистината исплива на површина“. Со овие зборови се обрати разрешениот директор на вевчанското училиште „Страшо Пинџур“, Жарко Лешоски. Тој деновиве ја добил битката против, според него, организираната хајка на  градоначалникот на Вевчани Перо Илиески и неговите партиски послушници. Имено, Илиески пред година и пол незаконски го разрешил Лешоски, поради повреда на законот за основно образование со нанесување на штета на ученици и деца. Управниот суд го утврдил спротивното. Лешоски кажува оти повеќе од јасно е дека одлуки…

Мар 17, 2011

66 години црвен крст во Македонија

66 години крводарителски акции, 66 години хуманост. Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа. Централната свеченост се одржа во Скопје, каде на најдобрите организатори на крводарителски акции им беа доделени  благодарници. Една од поуспешните општински организации е и Охридската. Во изминативе 7 – 8 години сме меѓу првите 3 -4 општински организации, не само по бројот на собрани крвни едининици, туку и по процентот на надминување на планот. Минатата година планот беше натф…

Мар 16, 2011

Најпосле производство на здрава храна

Југозападниот плански регион има идеални услови за производство на млечни и земјоделски производи. Идeјата на екологистите за производство на здрава органска храна, ја подржуваат и потпомогнуваат експертите. Центарот за развој на Југозападен плански регион досега има реализирано неколку проекти во кои ги вклучува 13 те општини преку кои ги обучуваат земјоделците и млекипроизводителите за производство на здрава органска храна, и тип на стандарди кои се потребни за производите да може да се извезуваат надвор од Македонија. „ Посебно обративме внимание на нивното едуцирање и здружување, бидеј…

Мар 16, 2011

Охриѓани „ЗА“,Општина Охрид да биде ко -инвеститор во проектот на Плаошник

За Предлог одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште, за изградба на административниот објект, Свети Климентов Универзитет на Плаошник, охриѓани велат дека е добра идеја. Нашите сограѓани додаваат дека на тој начин парите од граѓаните, повторно ќе бидат употребени за нивно добро. На последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката група на ВМРО ДПМНЕ преку Координаторот на групата, Дејан Пановски, побара да се стави на дневен ред оваа предлог одлука. Имено предлогот всушност претставува можност, Општината да учествува во изградбата на проектот во в…

Мар 16, 2011

Расчистување на канали

Крајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива. Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви зафати ќе се прават во …

Мар 16, 2011

Домаќински школи-поздрава животна средина

Вакви цели се промовираат со програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Еко-менаџмент и еко-стандарди за училиштата во Македонија. Ќе се обучуваат како да заштедат финансиски средства, а притоа и да ја чуваат животната средина. Обуките се дел од програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Имплементатор на оваа програма е Здружението на граѓани ОХО. Ова здружение програмата ја реализира веќе 11 години. Таа е дел од проектот „Немаме резервна планета“ Минатата година со оваа програма биле опфатени 15 градинки, 3…

Мар 15, 2011

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?

Треба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект и не треба да бега од то…

Мар 15, 2011

Оставка за Арнаудов

Маските паѓаат. Нацистичките слики на партиски членови на СДСМ, кои неодамна осамнаа на огласната табла во Општа болница Охрид, сеуште не ги приземјуваат политичките страсти, во градов. Најново е тоа што цехот за овој непуларен настан падна на грбот на самохрана мајка вработена во оваа установа. Таа денес добила решение за преместување на работното место, под изговор на првиот човек на институцијата директорот Љубен Арнаудов, оти таа на новинарот кој ја пласира оваа информација, му го дошепнала тоа. Пратеникот од редовите на СДСМ, Томе Чингоски, вели дека со ова се открива вистинското лице…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top