Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид, во Пешатани, а преостанатите три кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа.
Сега сите понуди на туристичките субјект…
Денес, во Основниот суд во Охрид, изнесен доказниот материјал од несреќата. Покрај увидот во Експертизата за пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, пред судот беше направен увид во обемен доказен материјал. Така, само од фото документацијата, беа приложени повеќе од 200 фотографии од бродот, од кои стотина беа подводни, направени после несреќата, како и неколку направени за време на самото потонување на бродот. На увид беа дадени и извештаите од Општата болница –Охрид, како и обдукционите протоколи од Институтот за судска медицина од Скопје. Исто така, пред судот беше даден на увид, запи…
Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид. Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова е последен пат да се ра…
„Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства. Оваа програма започна да се применува од годинава, а бенефит од проектот ќе имаат семејствата корисници на социјална парична помош, кои имаат дете или деца, ученици во средно образование и кое се редовни во наставата.
„ За секој ученик запишан во средно оразование предвидени се по 12 илјади денари годишно, распределени во четири квартали, со цел подигнување на нивото на обраованието. Ова е една од мерките кои ги предвидува владата и министерството за труд и социјална политика за зашти…
На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833 објекти за приватно сместување од мал обем. Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107 во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето најмногу се нудат соби со една ѕвезда. Евидентирани се 1…
Во охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу 17 и 18 век. Во периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење имало и афчилница или кажано со денешниот современ речник ресторан каде што се подготвувале турски јадење. Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало. Задната врата воде…
Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна.
„И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани, и пристаништето“,…
Корисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата.
„Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош. Се надевам дека оваа …