Мар 25, 2011

„Гранит“ се оградува со бетон

„Гранит“ го доби имотниот лист за земјиштето кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прличев. Конечно решени сопственичките односи за оваа атрактивна градежна парцела, на која требаше да се гради фамозниот Конгресен центар. Директорката на правниот сектор на градежната фирма „Гранит“ Виолета Божиновска ги објасни активностите кои од страна на фирмата се преземаат на оваа локација. Директорката Божиновска потенцира дека станува збор само за менување на постајната оштетена ограда, со но0ва бетонска. Божиновска додава дека за овие активности уредно била информирана општината …

Мар 25, 2011

Одолговлекување на постапката за глисерската несреќа

Денеска во основниот суд Охрид се одржа нов претрес за глисерската несреќа. И после повеќе од година и половина од овој немил настан, кој што се случи на 22.08. 2009 година, кога настрада Ирина Романова Муцински, нема виновник. А и откривањето на причините за тоа се наоѓаат во ќор сокак, барем досега. Судскиот процес за глисерската незгода се одолговлекува. Адвокатот на оштетениот Зоран Муцунски, Никола Поленак, вели дека причините за тоа се субјективни и потекнуваат од страна на одбраната, поради отсуство на обвинетиот или главните сведоци. Тој рече оти Охридскиот суд има сосема коректен …

Мар 25, 2011

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата од 4.010 денари з…

Мар 25, 2011

Жителите од крак на улица Ристо Чадо останаа без пристапен пат

Драган Стефаноски жител на крак од улицата Ристо Чадо и 10- тина негови соседи денес останаа без пристапен пат. Стефаноски како што тврди  од 1979 изградил легално семејна куќа со платени давачки кон државата. Денес, со спроведување на извршна судска одлука вратен е дел од земјиштето   кое било сопственост на соседот. Сега тој и останатите соседи се без пристапен пат. Од Локалната самоуправа потврдуваат дека денес  спроведуваат судска пресуда бидејќи асфалтираниот пристапен пат бил поставен на приватен имот,  а сопственикот на имотот е сосед на овие жители. Зоран Шикалоски вели  морале да г…

Мар 24, 2011

Денеска заврши 31-вата седница на градскиот Совет

Денеска охридските советници го одржаа продолжението на 31 та седница. Како што е добро познато, од оваа седница остана не усвоена предлог -одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на административен објект при Свети климентовиот Универзитет, што ја предложи советникот на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој уште еднаш појасни дека ова е добра прилика општина Охрид да учествува во проект од капитално значење за градот. Но, за советниците од СДСМ, сега не било вистинско време општина Охрид да планира вакви огромни инвестиции, рече Томислав Тунтев, коорд…

Мар 24, 2011

Борбата со туберкулозата продолжува и во 21-от век

Денес, активистите на Црвениот Крст од Охрид, на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и  и даваа корисни совети за борбата со оваа болест, која сеуште претставува светски проблем. „На потег против туберкулозата! Трансформирајќи ја борбата кон целосна елиминација на туберкулозата!”- Под ова мото, активистите на Црвениот Крст од Охрид, денес на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест. На светскиот ден за борба против ова инфективно заболување, беше заокружена едномесечната кампања која ја спроведе Црвениот крст од Охрид. „Она …

Мар 24, 2011

Охридски „ЕМО„ зеде кредит од 5,1 милиони евра

Загубарот „ЕМО“ од Охрид и „Комерцијална Банка“ АД Скопје склучија договор за рамковен револвинг кредит лимит во износ 5,1 милиони евра за потребите од тековно финансирање на започнатите проекти, за издавање на гаранции, акредитиви итн. Врз основа на овој договор се воспостави и заложно право-хипотека од прв и втор ред врз објектите на „ЕМО“.Охридскиот загубар „ЕМО“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година објави нето загуба од 234 милиони денари, додека загубата во 2009 година изнесуваше 337 милиони денари.Неодамна компанијата која со години работи со загуба доби нов директ…

Мар 23, 2011

Започна техничкиот преглед на бродовите

Започна деталниот преглед на бродовите. Техничкиот преглед се изведува на крајно примитивен начин во каналот Бијланини извори. Претставници на овластениот регистар на бродови „Биро Веритас“ во Студенчишкиот канал ги прегледуваат трупот на бродот, осовинските водови, гумените лежишта, крмните механизми, поточно се она што е пропишано со процедурата. Експертите велат дека одговараат за техничката исправност на бродот, но не и за начинот на кој тој е подигнат на импровизираниот док. 35 тонските бродови ги подигнува специјална дигалка на импровизирани шини, а за припомош се користат јажиња и к…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top