Започна техничкиот преглед на бродовите

Техничкиот преглед се изведува на крајно примитивен начин во каналот Бијланини извори.

 |  Татјана Маленкова  | 
brod
брод

Започна деталниот преглед на бродовите. Техничкиот преглед се изведува на крајно примитивен начин во каналот Бијланини извори. Претставници на овластениот регистар на бродови „Биро Веритас“ во Студенчишкиот канал ги прегледуваат трупот на бродот, осовинските водови, гумените лежишта, крмните механизми, поточно се она што е пропишано со процедурата.

Експертите велат дека одговараат за техничката исправност на бродот, но не и за начинот на кој тој е подигнат на импровизираниот док.

35 тонските бродови ги подигнува специјална дигалка на импровизирани шини, а за припомош се користат јажиња и камиони. Целата постапка е под надзор на експерти од машинскиот факултет.

За жал она на што бродарите предупредуваа дека  импровизирано подигнување на бродовите може да ги уништи, се оствари. Поради несоодветната инфраструктура за проверка на пловилата дојде до делумни оштетувања на бродот Александрија. Ова значи дека сопственикот на бродот не само што е изложен на дополнителни трошоци околу ангажирањето на механизација за извлекувањето на бродовите на суво, сега за да добие дозвола за пловидба, треба да ги отстрани новонастанатите оштетувања.

Капетанот на Капетанија на пристаништа Љупчо Настоски во телефонскиот разговор за ТВМ вели дека капетанијата ќе го соопшти својот став откако ќе го добие „статус рапортот“, поточно извештајот за техничката исправност на бродовите од овластениот регистар на бродови „Биро Веритас“.

brod

На прашањето зошто бродовите импровизирано се вадат на копно, тој потенцираше дека капетанијата не е должна да им обезбеди сув док на приватни бродови, туку дека тоа треба да го направат сопствениците на пловните објекти.

Бродовите од охридската флота останаа закотвени откако истекоа дозволите за пловидба што дотогаш ги издаваше германски „Лојд“. Дотогашниот регистер на бродови се повлече од Охрид по несреќата со потонувањето на „Илинден“ во септември 2009 година, кога загинаа 15 Бугарски туристи. Министерството за транспорт и врски по повлекувањето на „Лојд“ го избра „Биро Веритас“ за овластен регистер што ќе ја проверува техничката исправност на бродовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top