Апр 11, 2011

Колачот наречен државно градежно земјиште

За  нешто повеќе од два месеци и општина Охрид ќе добие дел од колачот наречен, неизградено градежно земјиште. Сеуште државното градежно земјиште останува најпосакуваниот извор за финансирање на локалните самоуправи.  Речиси никој од градоначалниците, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаат, никогаш не се откажаа од барањата за целосно владеење и управување со него. Ако градоначалникот на соседна Струга, Рамиз Мерко вешто одбегна да посочи кои поатрактивни локации ќе ги добие назад од државата, Александар Петрески пак, Градоначалникот на Охрид информира, на што општина Охрид мож…

Апр 11, 2011

Сопственоста на земјиштето- кочница за градење на новиот Здрaвствен дом

Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно  планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект. Раководителот на секторот, Бранко Арнаудов  демантира дека тие ја опструираат неговата изградба. Токму ние ги информиравме за законските измени и можноста да покренат иницијатива за  изградба на современ објект,  вели Арнаудов. Тој објаснува дека во приложената документација со која ЈЗУ Здрваствен дом “  бара одобрение за градба,  спорна е сопственоста на земјиштето. Директорот…

Апр 11, 2011

Нема земјотреси ама за секој случај…

Македонија е далеку од Јапонија па, останавме безбедни од катастрофалните потреси кои се случуваат во оваа пацифичка земја. Сепак, овие земјотреси предизвикаа некаква реакција и кај македонските граѓани. Осигурителните  компании во земјава забрзано почнаа да склучуваат полиси за осигурување на недвижен имот, со дополнително осигурување на ризикот-земјотрес. Осигурувањето од земјотрес не спаѓа во задолжителните видови на осигурувања, но после неодамнешните природни катастрофи, се повеќе клиенти се заинтересирани за него. „Доколку се јави некој штетен настан, луѓето пројавуваат интерес за ос…

Апр 9, 2011

Остварена лидерска средба Баросо-Груевски-Иванов

Европската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата  земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе  Мануел  Баросо.Тој по средбите со Премиерот Никола Груевски и Претседателот  Ѓорѓе Иванов ја пофали Македонија  за успешно спроведените реформи во сите области. На македонските власти Баросо им препорача да продолжат со реформите за Македонија да не застане во пристапниот процес кон Унијата.  Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската Комисиjа, истакна „ треба да постои консензус за сите стартешки прашања помеѓу сите гл…

Апр 9, 2011

Законот за Охрид ќе го спречува урбаниот хаос во градот

Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон. „Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека ќе имаат доволно политич…

Апр 8, 2011

Политика, туризам, политика, туризам…

Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски. „Сметам дека то тоа нема да дојде и дека…

Апр 8, 2011

Охридската СДСМ дава знаци на живот

Најавите за предвремените парламентарни избори ги размрдаа партиските активисти на ОО на СДСМ Охрид. ТВМ дознава дека веќе се крои листата на кандидати за пратеници во  новиот состав на Собранието на Р. Македонија. Како единствено сигурен кандидат се споменува името на Митре Вељаноски, долгогодишен партиски приврзаник на СДСМ, кој на конгресот кој што се одржа на 07 јули 2009 година во Охрид влезе во тимот на високото партиско водство на лидерот Бранко Црвенкоски. На листата кандидати за пратеници по се изгледа во игра влегува и актуелниот директор на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, за к…

Апр 8, 2011

Пропаѓа изградбата на современ здравствен дом

Доведен во неизвесност проектот за изградба на современ  здравствен дом  на кој охриѓани чекаат повеќе од 50 години. Секторот за урбанизам деновиве го одбил барањето за издавање решение за изградба на нов здравствен дом реагира раководителот, д-р Митко Дабески. По скоро три  години  подготовки на документацијата за добивање дозвола за градба  во решенито стои дека ЈЗУ  „Здравствен дом не доставил идеен проект, геодетски елаборат, доказ за сопственост, што не е точно негира  д-р Дабески. д-р Дабески со документи  го негира решението на Локалната самоуправа и ги презентира сите доставени доку…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top