Апр 19, 2011

Експертизата за несреќата на бродот „Илинден“

Која е причината за најголемата бродска несреќа во Македонија? Дали станува збор за човечки или за технички фактор? Дали на одговорност за оваа несреќа се повикани сите релевантни инстиуции и дали товарот на вината може да се препише само на едно лице?  Денес, пред основниот суд во Охрид, се направи обид да се одговори само на дел од овие прашања, додека за останатите, ќе треба да почекаме. Денес во Основниот суд во Охрид, продолжи доказната постапка, за случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, со распит на сведокот Љупчо Поп – Стефанија, како и професорите од Машинскиот факул…

Апр 19, 2011

Митологијата на македонците-книга за вистинската етногенеза на Македонецот

Македонското битисување и македонизмот презентирани не како историја на античките македонци, туку единствено како македонска историја без никакви додавки. „Антигона-Неготино“ на Ангелина Маркус и „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски ни даваат еден поинаков увид врз сопствената историја. Ангелина Маркус се јавува како рецензент на второто дело кое денес беше промовирано во Центарот за култура, „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски. Во книгата се прикажува една поинаква слика за приказните од митологијата кои носат или римски или грчки имиња, но се несопирливо македонски, …

Апр 19, 2011

Сиромаштија до гола кожа

Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да може и тој како сите да …

Апр 19, 2011

Охрид ја изгуби трката, европскиот Лас Вегас ќе се гради во Хрватска

Во тесниот круг за избор на локација за новото мини издание на Лас Вегас на Стариот континент биле крајбрежјето на Охридското езеро во Македонија, Солун во Грција, Будва во Црна Гора, одредени локации во Албанија и Дубровник, Задар и Истра во Хрватска. Било одлучено новиот “светлечки“ град, за кој плановите се да се простира на околу 70 хектари површина, сепак да биде изграден во Хрватска. Желбата на американскиот инвеститор Мајкл Џенкинс е да вложи 1,5 милијарди долари и да го надгради хрватскиот туризам со многу забава. Тој најавил дека со овој проект ќе бидат отворени најмалку 5.000 рабо…

Апр 18, 2011

ВМРО НП го претстави својот Општински изборен штаб

ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ. „ Главна определба на ВМРО НП е овие избори да бидат пред се фер и демократски. ВМРО НП ќе води позитивна кампања со што на електоратот ќе му се пласираат факти и реални споредбени показатели кои суштински ќе влијаат врз формирање на мнението, а показатели кај избирачите кои ќе бидат носители на финалниот производ односно директни креатори на идната власт. Вклучувањето на лидерот на…

Апр 18, 2011

Бизнис на иднината

Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина. Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле  бизнисот и еколошката заш…

Апр 18, 2011

Државите од Балканот за зачувување на водните ресурси

Градење на заедничка визија, за одржливо управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Четворицата министри за животна средина и просторно планирање на Србија, Албанија, Косово и Македонија, денес во Охрид започнаа една нова ера во размената на искуства и меѓусебната соработка воопшто, во сферата на интегрирано и одржливо управување со водите. Министерот за Животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на …

Апр 16, 2011

“Совет на печат“ ќе го решава хаосот во македонскиот етер

Недолични снимки, интервјуа со малолетници, насилство, неморал, неетичност. Ова е дел од сликата во македонскиот етер. Со цел ваквиот хаос да се надмине, Здружението на новинари на Македонија дојде на идеја да формира независно тело, наречено “Совет на печат“. Ова тело за саморегулација на медиумите би имало задача да ги зајакне професионалните стандарди и да го зголеми  квалитетот на медиумите. Досега, само електронските медиуми (ТВ и радија) беа опфатени со законска регулатива, а со ова тело би се направил обид за каква-таква регулација и на печатените и он-лајн медиуми. “Советот на печат…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top