Мај 11, 2011

Компјутерскиот криминал, опасна форма на меѓународниот криминал

Успешната битка против комјутерскиот криминал, кој е најсовремена форма на организиран криминал, не се води само на национално ниво, велат експертите. Регионалната координирана соработка помеѓу сите субјекти вклучени во борбата против овој вид на криминал, претставува императив.Законите, системите на криминална правда и интернационалната соработка не ја одржуваат брзината со која технологијата се менува. Министерот за правда на РМ, Михајло Манески истакна дека само минатата година кај нас биле пријавени 51 кривично дело од овој вид на криминал, тренд кој е идентичен и во другите земји од оп…

Мај 10, 2011

Центарот „Доброто љубие“ нема да згасне

Станува збор за  проект инициран од Католичката, а прифатен  од Православната црква. Центарот е заеднички организиран и поддржан од двете цркви. Со заминувањето во пензија на отец Димитрије и  преместувањето на католичкиот отец Стефан, од Охрид во Сараево, па родителите стравуваат за опстанокот на центарот. За родителите на штитениците во овој дневен центар неговото функционирање е од голема помош. Сега тие се загрижени со ново настаната состојба, па  психологот Марија Кочоска, која се грижи за штитениците  на дневниот центар, смирува.„Нема потреба да стравуваат, ние бараме пари за опстанок…

Мај 10, 2011

Отчет за сработеното од 2006-2011 година

„Уште при изработката на програмата за парламентарните избори пред 5 години, наша цел беше завршување на транзицијата во Република Македонија“, истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Николовски. Тој додаде дека покрај овие приоритети со кои оваа партија требало да се справи, биле и подобрувањето на економските услови, продолжување на евроатланските интеграции, слухот за потребите на граѓаните, постојан контакт со народот, како и  унапредување на образованието и подигнување на животниот стандард. На денешната прес конференција Николовски потенцира дека поголем дел …

Мај 9, 2011

Рекреативците бараат асфалт во Горица

Асфалтираниот пат што поминува низ комплексот Горица е узурпиран од градежни работи. Патот кој поминува покрај градежниот комплекс, долго време беше прекриен со шут и градежен отпад. Од пред неколку дена, луѓето кои патот го користат како нивна единствена пешачка зона, останаа непријатно издадени од заштитната ограда поставен на патот, со што педесетина метри од него станаа дел од просторот на кој се гради. За волја на вистината, инвеститорот направил мало премостување, кое не е асвалтирано и  истото повторно го користи нивната градежна маханизација. Граѓаните се прашуваат како институциите…

Мај 9, 2011

Охридските кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ пред очите на јавноста

Денот на победата над фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа и во Охрид. Им оддадоа почит на сите жртви од Втората Светска војна, напомнувајќи дека идеите и вредностите на Европа треба да живеат и во Македонија. Во исто време тие ја искористија можноста да ги промовираат Охридските кандидати за пратеници во Македонскиот парламент. 9 ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа беше причина за Охридските сили на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Александар Николовски, заедно со Охриѓани, да им оддадат почит на сите жртви од Втората Светска војна. Тие велат: „Народно ослободителната борба во Мак…

Мај 9, 2011

Охрид домаќин на 12-тата годишна конференција на македоската берза

Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои ќе расправаат сто и дваесетте финансиски експерти и берзански работници во рамките на 12 тата годишна конференција на македонската берза. „Народната банка на Р Македонија веќе 16 години усешно ја одржува ценовната стабилност во македонскта економија преку таргетирање на стаби…

Мај 7, 2011

Камбанаријата во Перивлепта раскажува за Пупин

Звукот на ѕвоното од камбанаријата од дворот на црквата Св.  Богородица Перивлепта се разлева силно и надалеку. Со радосниот одек се разлева споменот за Св. Климент, но и сеќавањето на Михајло Пупин, донаторот на камбанаријата. По  неговото второ доаѓање во Кралска Југославија, а од контактите во 1921 година со тогашниот Охридски епископ, д-р Николај Велимировиќ, се родила идејата од неговиот фонд  да се изгради камбанарија во  дворот на тогашната црква Св. Климент.  Во тоа време Охрид, лулката на христијанството на Балканот, немал камбанарија, истакнува Проф.Митрески.  И одлуката Пупин ја …

Мај 7, 2011

Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија

Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова. Авторката на филмовите со воодушевување зборува за местата кои ги снимиле и кои ќе бидат презентирани во филмовите. „ Мислам дека гледачите ќе можат да го видат филмот во средината на месец јули и предпоставувам дека ќе го видат веднаш на три канали од големата фамилија на нашата телевизиска и р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top