Споменикот на Св. Кирил и Методиј, гордоста на Охриѓани, во 1989 година беше дониран од познатиот македонски бизнисмен Ристо Гуштеров, кој, како што дознава ТВМ, уште еднаш ќе го покаже својот патриотизам на дело. Имено, како резултат на негова лична заложба, утре, во посета на Охрид и Македонија пристигнува висока бизнис делегација на американска корпорација, познат светски бренд во автомобилската индустрија. Покрај „Џонсон контрол“ и „Џонсон мети“, за чиешто доаѓање во Македонија исто така е заслужен лично Гуштеров, на утрешното обраќање пред новинарите се очекува официјализирање и на ова…
Тематска пресс во ОИШ на ЛДП, за интеграцијата на Р.М. во Е.У. „Либерално демократската партија го подржува влезот во Е.У. И тоа во рок од 40 месеци, односно нејзино членство на почетокот од четвртата година од наШиот мандат, поточно во Владата од која дел ќе биде и ЛДП“, истакна потпретседателка на ЛИДЕМ Охрид, Десанка Тасеска.
„ ЛДП се обврзува дека сите институции вклучени во интегративниот процесс Ќе се претворат во модел институции за идната целосна административна реформа во Р.М. Во сите овие институции ке бидат вклучени само оние личности кои на транспарентен начин и со тестирање на…
Денес се одбележува 23 мај националниот ден на власите, кој е прогласен за неработен. На 22 мај 1905 год, донесен е империјален акт од страна на Султанот Абдулхабит втори, со кој на власите им се дадени сите права како и на останатите народи, поданици на султанот. Симболика на 23 мај е поврзана со објавата во цариградските весници на ирадето или актот на добра воља на султанот, која се случила тој ден. Јордан Трца, припадник на влашката заедница во Охрид, зборува оти власите отсекогаш тешко доаѓале до своите права и минувале низ повеќе препреки за да ги остварат.
Грчката патријаршија во врс…
Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески во Монографијата го опфатил развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари.
„Многу сум разочаран, да се мачиш да напишеш не…
Да се учи за оценка или да се учи за навистина да се научи? Експертите едногласни, подоброто оценување значи подобро образование, но се поставува прашањето, кој вид на оценување треба да се примени кај нас? Во 21век постои потреба за промена на концептот “учење за стекнување знаења” во “учење за стекнување вештини за учењето”. Со тоа и самото оценување мора да претрпи промени, вели Небојша Мојсоски, директор на проектот на USAID за образование.
Современото образование го менува фокусот од оценување на наученото, во оценување за учењето, потенцираат експертите, што пак значи дека фокусот т…
На Митингот кој започна со задоцнување од половина час, Коалицијата предводена од СДСМ вечерва во Охрид ги промовираше дел од кандидатите за пратеници во Петтата изборна единица како и својата изборна програма. Инаку во коалицијата која што ја предводи СДСМ ја сочинуваат петнаесет партии. Само да напоменеме покрај митингот во Охрид, вечерва коалицијата одржа митинг и во соседна Струга Прв на охриѓани им се обрати Аднан Ќахил, претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија.Потоа зборуваше, Самка Ибаримовскиод Партијата за целосна еманципација на ромите и Ердоган Сарач, досег…
ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид. Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба.Враќање на дигнитетот на образовните институции. Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните избори. Од ЛДП велат…
Споро, но сигурно, продолжува судскиот процес за глисерската несреќа од пред речиси две години, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински. Денес во Основниот суд во Охрид, беа сослушани четворица сведоци. Алан Каоу, роднина на обвинетиот Кристијан Шапкар, кој бил во пловилото за време на несреќата, остана на исказот даден пред истражниот судија, дека воедно бил и едниствениот кој останал на пловилото после несреќата и на барање на адвокаттот на обвинетиот потенцираше дека од местото каде се наоѓал не можел да го види влезот во каналот. Свој исказ пред судот потворно даде и дежурнио…