Драмски театар Скопје кој е чест гостин на „Охридско лето“ вчеравечер на фестивалот ја одигра театарската претстава „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски.Компактната претстава, иако мала по бројот на актери на сцената, успеа да го задржи вниманието на публиката до крајот на вечерта.
Според режисерот Димче Николовски, станува збор за многу секојдневна претстава која ги долува проблемите на еден брачен пар и се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за среќна и стабилна врска.
-Искрено мислам дека повеќето брачни парови имаат пробл…
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.
Затоа потребно е жителите од овој дел на градот да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности, а дополнително кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во наведениот период.
За нив велат дека се вистински охридски бенд – по срце и душа и дека најдобро го отсликуваат сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“.
Охридската група Камелеон или Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски по супер успешната прослава на 20-годишнината од постоењето на бендот, заедно со уште многу гости и пријатели, на 16-ти август, со почеток во 18:30 часот, на Градското пристаниште во Охрид ќе одржат голем концерт, кој, според најавите ќе биде вистинско музичко задоволство за сите.
– С…
По десетина дена лекување на Клиниката за детски болести, 11годишниот Илче од Охрид опоравен заминува во мал групен дом. „Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство. Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.
На 27.01.2022 година, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници кај селото Подмолје сопреле патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски таблици, кој пријавениот го управувал, а бил во сопственост на правно лице од Охрид. Притоа, констатирале дека тој, врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без лиценца и без друга соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надле…
Расказот „Гладоморје“ под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ за Живко Чинго до жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, пристигнаа 78 раскази од кои 7 не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот.Жири комисијата избраа десет раскази во поширок и четири раскази во потесен избор. На работниот состано…
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 21 степен.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.
До крајот на неделата максималните дневни температури ќе бидат од 20 до 23 степени.
Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава.
„Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат кризата. Тука сме спе…