Втора регинална конференција на министерството за внатрешни работи за соработка на единиците за внатрешна контрола. Гостите порасположени за разговор од домаќините. Поради тоа за темата и средбата проговори.
„ Минатата година го имавме првиот дел од оваа конференција а во тек на таа конференција зборувавме за корупцијата во полицијата, начините за борба против истата за легислативата… и годинава се фокусираме на тоа како може да се воспостви регионална соработка за борба против ваквиот феномен“, истакна директор на оделот за рзвој на полиција ОПСЕ, Паоло Коста.
Тој додава дека во текот …
Нема крај на тригодишните маки на семејството Спиркоски од Охрид. Откако пред три години им беше одземена куќата поради неподмирен заем, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Јовче Спиркоски е крајно незадоволен од правосудниот систем. Тој вели: „Охридскиот суд три пати проба да ми ја врати куќата, прво ми дадоа една привремена мерка, но кога во Битола истата ми ја поништи судијата Љубомир Бошески, ми дадоа втора времена мерка, која повторно судијата ја поништи. Вака може да оди 100 години.“ Спиркоски се прашува како е можно Охридскиот суд да пресудува во негова корист, а Битолска апелација д…
Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече делумно се задоволни од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски тоа го објаснува како резултат од методите кои ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие притисоци“, кажува Костос…
Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до село Радожда. На овие локалции Македонски Телеком о Т – Мобиле, поставија и telekom Hot Spot точки преку кои сите посетители ќе можат да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно и неограничено.
„ Бре…
Статичните велосипеди тешко опстојуваат покрај Охриѓани. Сериозни оштетувања и делови кои недостигаат, можеби утре и целосно ќе ги снема.
Уште кога беше најавено поставувањето на статичните велосипеди тие предизвикаа огромен интерес кај Охриѓани. Иако велосипедите требаше првично да ги привлекуваат холандските туристи, многу почести посетители беа Охриѓани. Нивното поставување уште во Март месец го најави амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини како дел од холандскиот парк кој заедно со споменикот на писателот Ден Долаард требаше да потсетува на Холандија, земјата која го обо…
Чунот, симболот на Охридското езеро одамна исчезна од употреба. Пред еден век чунојте биле единственото превозно средство, но под налетот на новото време се појавија кајчина и глисери. Единствено, сега чунот може да се види само на фотографии. Во сеќавањата кај помладите генерации го нема, а повозрасните охриѓани пак со носталгија коментираат, за греота и срамота да немало барем еден чун.
Времето неминовно носи нови трендови. Но, жално е што нема барем еден симбол на охридскиот чун кој ќе сведочи дека некогаш постоел тука на Сараиште и Ј‘но. Го нема ни во охридскиот музеј за да може сег…
Општинската организација на Црвен крст и по седум години не најде слух и разбирање кај надлежните органи за да обезбедат локација за функционирање на Центарот за безбедност на вода. Огромната езерска површина на која во летниот период се разладуваат бројни капачи и пловат бродови, кајчина и глисери налага да постои еден ваков Центар кој би бил лоциран на самиот езерски брег. Во него би биле сместени спасители, чамци и опрема за брзо делување во ризични ситуации, истакнува Сашо Точков, претседател на Црвен крст-Охрид.
Црвен крст постојано добива опрема за опремување на центар, а ја дони…
Невремето кое зафати делови од земјава продолжува да биде топ тема. Обилните врнежи во Кумановско, Охридско и Велешко и отворија полни раце работа на Комисијата за утврдување на штети. Голем дел од граѓаните на овие реони се пожалија на претрпени штети на нивните куќи и подруми, но и на своите посеви и градинарски култури и садници. Денес местата кои претрпеа најголеми оштетувања во Охрид ги посети пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Хари Шокароски.
„Направивме обиколка по дел од куќите и ги стимулираме граѓаните да се јават во комисијата при локалната самоуправа за утврдување на штети, …