„Охриѓанчиња се многу музикални и сакаат музички да се образвуваат“, вели директорката на ОМУ Методи Патче – Нина Момираска. На уписите во месец мај се запишаа деца во прво одделение 9 годишно училиште на инструментите клавир и виолина и прва година 6 годишно образование на инструментите флејта, гитара, хармоника и кларинет.
„ Интересот во Охрид од година во година е се поголем оваа година капацитетот кој можеме да го поднесеме е 30 ученици а досега примивме 62 деца и 20, 30 беа одбиени. Интресот е голем, Охрид е град на музикални деца и жалосно е сите кои се интересираат да не ги примим…
Алармот за спас на Охридското езеро од човечката негрижа е вклучен пред 11 години. Свеста кај населението за значењето на езерото во изминатава декада континуирано се подига. Заштитата е вечен процес кој никогаш нема да има крај. Тоа ќе биде континуирана борба со многу интереси и предизвици. Двете држави, на чии територии се наоѓа огромната водена површина, прават обиди да ја зачуваат неговата чистота која е од непроценлива важнот. Потпишан е заеднички македонско-албански Договор за заштита на езерото, изработена е заедничка Студија за состојбата на Охридското езеро и неговиот слив , донес…
НП „Галичица“, со нов туристички производ, систем на патеки. Денес тој и официјално беше пуштен во употреба, а е во должина од 350 км. Овој систем околу година дена се обележувал и градел, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Тој додава дека процесот на изградба не бил воопшто лесен бидејќи дел од информативните табли, патоказите и маркерите се поставувале на непристапни терени. Очекувањата на Ангелоски се дека во иднина новиот туристички производ, за Охридско преспанскиот регион ќе има голем допринос за развој на туризмот, а истиот бил изграден поради неколку цели.
За комплетна изр…
Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови.
Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа образовна институција….
Tрадицијата на одбележување на 21. јуни како Денот на Охридското Езеро беше воспоставена во 2001 година. Оваа традиционална манифестација 11 години наизменично се организира во трите општини Охрид, Поградец и Струга.Оваа година Денот на Охридското Езеро ќе се одбележи во Поградец со свеченост на која ќе присуствува делегација на општина Охрид.Инаку, 21 јуни, Денот на Охридското Езеро беше замислен како можност за обединување на граѓаните и општините од двете земји заеднички да прославуваат но и да расправаат за теми од заеднички интерес, меѓу кои најважната е заштитата на езерото што го дел…
Уништувањето на бројните фрески во Охридските цркви, мозаиците и останатите археолошки артефакти подолго време беа резултат на недостокот од наши стручни лица конзерватори. Така, за санација и решавање на проблемите најчесто беа ангажирани странски конзерватори. Во последно време Управата за заштита на културното наследство прави обиди недостатокот од конзерватори на нашето огромно културно богатство да се надмине. Во таа насока, шестмина странски специјалисти се ангажирани во две летни школи да обучуваат 15 –тина млади македонски конзерватори во повеќе дисциплини. Со ваквите обуки, …
Фестивалот „Разиграно оро“ од година во година се претвора во една од најмасовните манифестации во земјава. За овој тренд да продолжи и понатаму ќе се погрижат најавените 2500 учесници, кои претставуваат 60 ансамбли од 16 земји. Тие ќе бидат сместени во хотелите на охридската ривиера, почнувајќи од Амбасадор, па се до Десарет. Овогодинешното „Разиграно оро“ е подготвено, единствено го чека својот официјален почеток.„Околу припремите како што реков веќе е завршено се. Програмата е на 1ви Јули пречекот, на 2ри е свеченото отворање. Годинава сакаме тоа да го направиме на антички театар затоа ш…
„Со ова сакаме да ја продолжиме традицијата на традиционални македоснки јадења, да им понудиме нешто што го немаат кај нив. денеска тука имаме и холангани ќе бидат и во жири комисијата па да видиме кое ќе биде најдобро“, истакна градоначалникот Александар Петрески.Советникот Климе Тренески кој воедно беше дел од организациониот одбор вели дека интерес за учество на манифетацијата имало премногу, но биле преморани да направат селекција на натпреварувачите. „ Денеска имаме 20 натпреварувачи имаше многу повеќе интерес но поради ограничување со просторот ги намаливме на 20“, истакна советникот …