Охридското основно училиште „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет. Во проектот учествувале педесетина ученици од Турски наставен јазик од прво до деветто одделение во осум проекти од природните и општествените науки. Учениците минатата година се вклучиле во проекти по личен избор и интерес, а еден од проектите е на тема „Моето семејство во пандемија“. Во време на пандемијата која донесе многу негативни работи се случија и некои позитивни како што е учество во заеднички активности и зајакнување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците, вели одделенски…
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-09, Кичево-42, Дебар-1).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти.
НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН НА КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО 12.
Drive-in Летно Кино за првпат во Охрид кое ќе се одржува 3 дена по ред. Проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили со вкусни пуканки.
Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- НЕМО, со датуми 14.08. – 16.08.2020.
Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади ди-џеи и изненадувања.
Картите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца (согласно пропишаните прот…
Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата Св. Софиј концерт ќе одржи „Дуо пијано 4 раце“ нА Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија.
На програмата се дела од Моцарт, Дебиси и Рахмањинов. Концертот започнува во 21 часот во црквата Св. Софија.
Рускиот пијанист Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти“ во Италија, а неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика па се’ до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имале посебно место во неговата концертна кариера.
Настапувал во некои од најпознатите кон…
Туристите, посебно младите кои ги преплавуваат охридските плажи и угостителски објекти се однесуваат како воопшто да нема пандемија на корона вирус. Иако веќе почнаа да произлегуваат заразени од она што многумина го нарекоа илинденскиот кластер од журките во Охрид целосните последици ќе се видат во следните 5 до 10 денови. Епидемиолозите очекуваат зголемен број заразени од коронавирусот до крајот на август поради ризичното однесување на туристите во Охрид.„Имавме ризично однесување во текот на Илинденските празници тука во Охрид. Тоа беше евидентно. Сето тоа ќе доведе до зголемување на бро…
Согласно Протоколот за одржување на тренинзи и натпревари во услови на Ковид-19 пандемија, викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, во организација на македонската спортска стрелачка федерација.Во вонредни услови, почитувајќи ги препораките и Одлуките на Владата и Министреството за здравство, успешно беше завршено ова ДП, на кое учество зедоа повеќе од 50-тина стрелци од државава.И во вакви услови, со претходно редуцирани тренинзи, стрелците од Охрид буквално збришаа се пред себе. Три први поединечни места, …
Финишираат градежните активности за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.
Во текот на денешниот ден се изврши поставување на вториот асфалтен слој на коловозот. Согласно предвидените активности, претходно беше извршено уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.
Реконструкцијата на уличниот крак е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Во текот на наредниот период се планира реконструкција на уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.