Ударните дупки на Булевар Туристичка започнаа да се крпат. Санацијата почна со гребење на ударните дупки во должина од 3,6 км и ќе трае неколку денови.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека зафатите кои ги започнаа во екот на туристичката сезона ќе завршат до среда. За таа намена ќе бидат потрошени 120 тони асфалт. И додека траат зафатите возачите ќе треба да внимаваат да не ги оштетат возилата на ударните дупки.
Побаравме коментар од раководтсвот на ЈП Макеоднија пат зошто ударните дупки се крпат пред самиот старт на туристичката сезона. Нивниот одговор беше дека претходно биле анг…
Денес е 1-ви Јули, датумот од кој и официјално општините го добиваат во сопственост неизграденото градежно земјиште. Според законските норми за една општина да го добие во свој посед ова земјиште, најпрво мора да исполни неколку важни услови. Општина Охрид е една од општините кои во целост ги исполнила бараните услови и веќе од денес е сопственик на земјиштето. Уште пред да биде предадена сопственоста на земјиштето во општински раце, општинарите веќе нашле намена на неколку локации, а интензивно работат и на програмата која го опфаќа неизграденото градежно земјиште.
„Се работи за неколку а…
Мешовитата Комисијата за надзор на плажите издадени под концесија на 21,22 и 23 јуни направила контрола и констатирала прекршувања на договорите за закуп. Портпаролот на ресорното Министерство не беше достапен за да одговри кои забелешки се евидентирани, но дека има недоследности потврди членот на Комисијата, капетанот од Охридската капетанија , Љупчо Настоски.
Уредените плажи распослани на крајбрежјето се издадени под закуп дел од нив од страна на Локланата самоуправа, а дел од Министертсвото за транспорт и врски. Закупците кои имаат склучено договор со ресорното министерство имаат о…
Денес пред oхридѓани, ќе биде промовиран тимот за обука по Прва помош. Овој инструкторски тим е создаден од страна на О.О. на Црвениот Крст од, а со помош на Операција Флоријан од Велика Британија.
Преку рекреација на реални ситуации кои може да настанат на плажите на охридското крајбрежје, ќе се направи обид, покрај промоција на инструкторскиот тим и да се запознае јавноста со активностите на тимот, а се со цел собирање средства за набавка на соодветна и повеќе од потребна медицинска опрема за реанимација, вели Даниел Наумовски од О.О. на Црвениот Крст од Охрид.
„Она што е многу важно з…
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири-комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во Велгошти.Според пропозициите, право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Македонија, а расказите за конкурсот треба да се достават најдоцна до 25 овој месец. Резултатите од конкурсот жири-комисијата ќе ги објави на 8 авгу…
Одлуката која советниците ја донесоа на 35 тата седница на совет за почеток на летениот режим на сообраќај стапува на сила во понеделник 4 ти јули.
Од одделенито за комунален развој и сообраќај велат дека генерално 90% од режимот останува исти со оној од минатата година и дека истиот ќе биде само дополнет.
„Се работи за стариот дел на градот каде на улиците Коста Абраш, Цар Самоил, Илинденска и Кочо Рацин ќе се забрани запирање и паркирање на автомобили, со цел улиците да бидат слободни за движење“, вели советникот за улици Зоран Шикалески.
„ Сообраќајот на овие улици преку ден ќе се од…
Денес пред Основниот суд во Охрид, и обвинителството и одбраната ги имаа своите завршни зборови за пловната несреќа на бродот „Илинден“. На ова последно рочиште за пловидбената нереќа, обвинителот Зоран Паноски истакна дека од изнесените докази на главниот претрес и првообвинетиот Сотир Филевски, и второобвинетиот Бранко Баиќ, се одоговорни за делото за кое се теретат, односно за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и побара судот да им изрече казна согласно законот.
Адвокатитот пак на преживеаните бугарски државјани, Никола Мујоски во име на своите клиенти п…
Продолжува големиот хуманитарен караван на ОНЕ. Овој телекомуникациски оператор минатата година акцијата ја започна од Струга и донира 10 опреми за возилата на итната медицинска помош низ разни градови во Македонија. Годинава овој караван пристигна и во Охрид така што здравствениот дом е корисник на донацијата, вредна 7 000 евра. Директорот на Одделението за односи со јавност на ОНЕ, Виктор Донев, вели дека целта на хуманитарниот гест е да се опремат амбулантните возила на итната медицинска помош во Охрид, со опрема, како што ја имаат сите познати и признати медицински центри во Европа и св…