Јул 13, 2011

Спектакуларно отворање на „Охридско лето“

„Музиката започнува онаму каде што говорот завршува“. Со овие зборови на Де Ла Мартин, покровителот на реномираната светска манифестација „Охридско лето“, претседателот на Р.Македонија, Ѓорге Иванов, го прогласи фестивалот за отворен. Иванов рече дека вистинска чест е да се биде покровител на фестивал кој во континуитет ја промовира врвната европска и светска култура во срцето на древниот Охрид. Додаде, дека од синоќа, сите патишта на сценската, вокалната и музичката уметност водат кон Охрид. Иванов истакна дека годинава неговото задоволство е поголемо, бидејќи отварањето на фестивалот се п…

Јул 13, 2011

Семејството на Новаковиќ најави тужба во Стразбур

Семејството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој минатата година беше претепан до смрт во Охрид, денеска најави дека правдата ќе ја бараат во Стразбур. Ваквата одлука семејството ја донела бидејќи биле незадоволни од завршните зборови во процесот кој се води во Основниот суд во Прилеп против четворицата осомничени.Братот Ненад, сопругата Александра и мајката Јулијана не можат да прифатат како е можно да исчезнат сите докази за убиството и никој од дваесетината сведоци не знае, не видел или не памти како Дејан бил претепан до смрт.Според нив, Обвинителството било незаинтересирано да ја за…

Јул 12, 2011

„Рани спомени“-хроника за Охрид и охриѓани

Сеќавања, творештво и документација. Понесен од потребата да се оддолжи кон градот, познатиот новинар, публицист и политички аналитичар, Веле Митаноски, ја напиша книгата „Рани спомени“. Оваа книга претставува хроника за Охрид и охриѓани, испишана на без малку 600 страни. Една од поентите на книгата е дека сите охриѓани треба да му се одолжат на градот на некаков начин, а посебно на новинарите. Авторот на книгата „Рани спомени“, Веле Митаноски си го исполни своето ветување, вели Тоде Илиески директорот на НБУ „Глигор Прличев“. Тој додава дека со материјалот на ова дело бил запознаен зимоск…

Јул 12, 2011

Непочитувањето на сообраќајните знаци-редовна пракса во летните месеци

Почетокот на секоја летна туристичка сезона редовно ги носи карактеристичните проблеми. Зголемена фреквенција на возила чии сопственици често и не обрнуваат внимание на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Сообраќајните знаци буквално како да не постојат. Еден ваков пример ни беше посочен од загрижен граѓанин кој забележал дека многу често не се почитува знакот за еднонасочна улица на пресекот на ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, односно кај Домот на АРМ. За овој случај ги информиравме службите во СВР Охрид кои ни потенцираа дека тие најпрво се обидуваат превентивно да делува…

Јул 12, 2011

Локалната допрва ќе бара да управува со градежното земјиште

Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив. Зошто доцнат со барањето за овој процес одговор побаравме од  портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески.  Прашавме на што се должи ваквата ситуација и дали станува збор за затајување на службите. Илиески ги отфрла  ваквите сомнежи. „Нема затаено никој. Претходно бевме подготвени, клучно беше за Локалната самоуправа најпрво да се донесат урбанистичките …

Јул 12, 2011

Трета регионална средба на претседателите од земјите во регионот

Земјите од регионот имаат идентична визија за иднината. А тоа е што е можно побрз влез во големото Европското семејство и НАТО интеграциите. Ова беше заедничкиот став на учесниците на денешната Трета регионална средба на претседателите од земјите во регионот. Што се однесува до решавањето на емотивните билатерални прашања помеѓу земјите од регионот, како примерот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Македонскиот претседател истакна дека решавањето на овие комликувани билатерални спорови треба да биде оставено настрана. „Билатералните прашања, не смеат да бидат блокада на процесите…

Јул 11, 2011

Со „Трилогија Романа“ ќе биде отворено 51 издание на Охридско лето

Со мултимедијалниот спектакл  „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, најавуван како вистински спектакл без ниту еден актер на сцена, со невидени светлечки ефекти и сценографија пропратени со музиката која ќе ја изведува оркестарот на Македонската филхармонија утревечер ќе се отвори  51 издание на фестивалот „Охридско лето“. „Ако за некоја институција може да се каже дека е прозорец на сцетот и прозорец кон светот тогаш тоа е фестивалот Охридско лето. Годинава за фестивалот подготвивме нови програмски изненадувања достојни за реномето на охридско лето. Концепот на годинешниов фестивал во цел…

Јул 11, 2011

„Кралот на Ламанш“, го преплива Охридското езеро

Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан. „Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни пилоти, и мислам дек…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top