Да се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“. И оваа година како и минатата, здружението ќе организира хуманитарни концерти во Охрид и Струга, на кои ќе настапат ѕвездите од македонската музичка естрада. На овие концерти ќе настапи и охридската група Силви бенд кои се и заштитно лице на Здружението.
„Сето ова мислам дека е најдобар начин да ја побуди хуманоста кај децата пред се, но и да не потсети нас дека во основа на нашето битие треба да е благородноста и хуманоста“-…
Бродовите, глисерите, кајчината во случај на непријатности во езерските води, на невреме или на дефекти можат за помош да се обратат во Охридската капетанија. Единствено трагањето по пловните објекти Капетанијата го прави во соработка со езерската полиција вели Капетанот Љупчо Настоски. Капетанот истакнува дека ги информираат управувачите на пловните објекти преку флаери и им ги доближуваат правилата и начините како да дојдат до нивните услуги во случај на потреба.
Од Охридската капетанија информираат дека во случај на ризични ситуации интервенираат со три лица и само со еден чамец….
Угостителската струка, келнер-гастроном ќе добие нов бран на стручно подготвени лица. Четиримесечната обука заврши токму денес, со што лицата кои успешно ќе ја поминат проверката, ќе се стекнат со титулата келнер-гастроном. Оваа обука е дел од заедничкиот проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Центарот за средно стручно образование и обука, додека како реализатори на овој проект се јавуваат училиштата.
„Ние како угостителско туристичко училиште од Охрид изготвивме програма за профилот келнер-гастроном бидејќи немаше таква програма. Таа програма беше прифатен…
Во центарот на Охрид никна мини депонија. Жителите на улицата Дејан Војвода се жалат дека поради непријатната миризба неможат да отворат нити прозорец. Велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП Охридски комуналец, но одтаму никој не превзел ништо за решавање на проблемот.
Од ЈП Охридски Kомуналец признаваат дека проблемот им е добро познат и тврадат дека тоа не е виновен никој друг туку самите жители, кои продолжиле да фо фрлаат смето на локлацијата каде до неодама имало контењери. „Сакам да потенцирам дека контењерите кои беа поставени на оваа локација беа наменети исклучиво за жители…
Охридската, но и странската публика, вечерва ќе може да ужива во звуците на виолината и пијаното на кои ќе се свират сонатите на Моцарт, Штраус и Шуберт. Трите сонати за виолина и пијано ќе бидат во изведба на Дориан Џоџи од Албанија и Томас Хопе од Германија. Дориан Џоџи е единствениот албански музичар во Берлинската филхармонија и единствениот албански учесник на 51то издание на фестивалот Охридско лето.
„Ова ми е прво доаѓање во Македонија. Имам слушнато за фестивалот Охридско лето уште кога живеев во Албанија од каде што заминав во 2000 година. Знаев за овој фестивал и одсекогаш сакав …
Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното градско јадро…
Ова прашање од ден на ден се повеќе лебди во воздух. Не стивнуваат бројните укажувања на јавноста и медиумите дека градот со поставувањето на урбаната опрема за време на туристичката сезона личи на панаѓур. Ставот на општинскиот инспекторат кој го изнесе раководителот Танас Танасоски е: јасен-проблем постои, но тие прават натчовечки напори да се справат со таквата состојба во која немаат доволно овластувања. Танасоски рече дека време е да се замеша и пазарниот инспекторат и преку своите механизми да се вклучи во справувањето со проблемот со тезгаџиите во централното градско јадро. Од пазарн…
Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изнесеното на денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
„ Претседателот на општинската организација на ВМРО- ДПМНЕ , Атанаско Михаилов ,на денешната прес конференција покажа дека има кукавички менталитет , а нема речиси никаков политички кредибилитет. Наместо храбро и аргументирано да се соочи со градоначалникот Петрески , тој однова ја користи можноста , првиот човек на Охрид , да го напаѓа тогаш кога е надвор од градот.
Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , нека не очекува дека градоначалникот Петрески од Турција ќе му донесе…