Авг 2, 2011

Охридските комити ја исполнија задачата

Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски услови проследени со многу дожд, ус…

Авг 2, 2011

Охриѓанка го бранела момчето од полицајци со скршено шише в рака

Со скршено шише в рака, дваесетгодишна девојка вчера претпладне се обидела да спречи полицајци да го приведат нејзиниот 22 годишен невенчан сопруг.Настанот се случил во 10.30 часот во Охрид, на ул.„Сирма Војвода“ бб, при обид за приведување на А.И.(1989) од Скопје. Тогаш неговата невенчана сопруга А.П.(1991) со скршени стаклени шишиња се упатила кон нив и на краток период ги спречила да ја остварат намерата.Двајцата подоцна се приведени во Полициската станица во Охрид.{loadposition content9}

Авг 1, 2011

На терен се повеќе неквалитетни водичи со очајно познавање на странски јазик

Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за завршен курс, без претхо…

Авг 1, 2011

Невообичаен музички деликатес вечер пред охридската пубилка

Стефановски обајснува дека основа на вечерашниов концерт е балканската, македонска музика, но секако и класичните дела, како на пример на Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак, кои во себе имаат фолклорни елементи и се слични со традиционалната или етно музиката. Стефан Миленковиќ вели дека она што е несекојдневното за овој музички настан, е фактот на едно место ќе видите еден врвен гитарист и еден врвен виолинист, кои заедно чинат еден неверојатен спој.„ Мислам дека секој од нас е доволно индивидуален и креативен па така комбинацијата веднаш создава нешто ново. И тоа всушност ќе го слушнет…

Авг 1, 2011

Илинденската едриличарска регата-магнет за туристите

Охрид изобилува со културни случувања во летниот период. Од концерти, до фестивали и изложби, но почнувајќи од вчера вниманието посебно го привлекува традиционалната Илинденска едриличарска регата. Со бројните меѓународни натпреварувачи, регатата покрај својот рекреативен и спортски карактер, нуди и одлични можности за промоција на Охрид, надвор од границите на земјата. Од вчера, во водите на Охридското Езеро започна 43то издание на традиционалната Илинденска едриличарска регата. Охрид најчесто го понесува епитетот „град на културата“, но Илинденската регата нуди одлична можност, да му дон…

Авг 1, 2011

49 учесници на Малиот Илинденски Маратон

Финални подготовки за 32 по ред Илинденски маратон. Листата на пливачи е составена од 49 учесници и тоа од Македонија 12 клубови од Битола и Скопје и од Канада, Холандија Италија, Бугарија и Русија. 29 пливачи ќе се натрпеваруваат во машка и 20 во женска конкуренција. Учесниците се поделени во две групи и тоа група на учесници со наполнети 16 години кои ќе стартуваат во 10.00 часот и втора група која опфаќа 33 – ца помплади учесници од 10 до 15 години група која ќе стартува во 11.00 часот. „Можам да потврдам дека од наша страна се е подготвено за Илинденскиот маратон“, вели член на организ…

Јул 29, 2011

До каде е основањето УЗ?

Заменувањето на некогашните месни заедници со сегашните урбани заедници и натаму во застој. До овој момент се оформени само 4 урбани заедници, а процесот заглави во место уште во месец Декември минатата година. Кога ќе продолжи процесот на основање на урбаните заедници останува неизвесно. Оние урбани заедници кои ја имаа среќата да бидат формирани, сега веќе активно работат и нормално функционираат.Формирањето на урбаните заедници сеуште тапка во место. Откако започна процесот на замена на некогашните месни заедници со новите месни заедници изминаа повеќе од 7 месеци, а формирани се само 4 …

Јул 29, 2011

Ништо од очекуваното

Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент на состанокот се с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top