Од наредната недела, почнува вакцинацијата против сезонскиот грип. И годинава центарот за Јавно здравје обезбеди вакцина за заштита против грип, информира Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска и апелира до популацијата од регионов, посебно оние со загрозен имунитет навреме да се заштитат.„Се препорачува на сите болни кои се со хронични заболувања, дијабетичарите, срцевите болни и оние со хронични белодоробни заболувања, сите оние кои имаат ослабен имунитет, се препорачува да ја примат оваа вакцина“ вели Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска .Вакцините се производство на фармацев…
Во Охрид се одржува петтиот конгрес на Здружението на педијатри на Македонија. Др Александар Сајковски од Здружението на педијатри на Македонија, истакна дека луѓето кои се занимаваат со лекување на децата, перманентно се присутни во цел систем на развој на педијатриската мисла и наука. Тој додаде дека посебно задоволство му е што здружението денес има толку партиципиенти. Сајковски рече дека на конгресот се застапени пет глобални теми, кои во моментов се најкруцијални, најинтересни и најактуелни во светот. Тие се од областа на исхрана, интензивно лекување, раст и развој, кардиологија и енд…
Период за назначување на директори. Изборот на Локалната власт за директорските позиции се врши по теркот на добро проверени и докажани кадри, кои пред се законски ја исполнуваат обврската за можност да седнат во директорските фотељи. Конкретно, станува збор за избор на директор на ЈП „Охридски Комуналец“ за што тече и оглас. Петрески вели дека досегашниот В.Д. директор Сашо Алче, заслужува да го добие решението за директор без оглед на останатите пријавени кандидати. Петрески изјави – „ Верувајте дека незнам во моментов дали тој е единствениот кандидат или не. Знаете дека овие денови бев з…
Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите.Со измените на Законот за кривична постапка, кои за повеќе од една година треба да стапат на сила, нивната улога значајно ќе се измени. Новиот правен систем ќе го презентира судијата, како неутрален во судницата, па така, повеќе нема да изгледа дека судијата е дел од тимот на обвинителството, велат експертите по право. Со овие промени на системот, судијата ќе биде неутрална стра…
Криминалците повеќе нема да можат да се штитат со државјанството на својата држава. Ова го предвидува новопотпишаниот договор за екстрадиција кој неодамна на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда, го потпишаа Министрите за правда на Македонија и Црна Гора, Блерим Беџети и Душан Марковиќ. Министерот Марковиќ истакна дека регионалната соработка е еден од најдобрите инструменти за заштита од делувањето на криминалот како во регионов, така и пошироко.
„Со овој договор ние го стеснуваме просторот за криминалците. Со потпишувањрто на овие договори, криминалците нема да може да се штита…
Двајца директори на охридските основни училишта поднесоа оставка. Ова се случи на само неколку дена пред истекот на мандатот на директорите во О.У. „Христо Узунов“, „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски“. Деновиве темата околу изборот на директорските позиции во основните училишта е се поактуелна, но и поинтригантна. Многу имиња се испреплетија како можни кандидати за да седнат во директорските фотељи, но ако по утрото се познава денот по се изгледа училиштата ќе имаат старо нови директори. Петрески изнајде модел за да ги зачува според него најуспешните тимови во ос…
Дали ги знаете точните димензии на вашата парцела? Дали некогаш сте се обиделе да ги споредите урбанистичките и катастарските планови на вашиот имот? Постои можност димензиите на вашата урбанистичка парцела да не се поклопуваат со димензиите на катастарската парцела-овој проблем го истакна началникот на секторот за урбанизам и просторно планирање на продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид.
Презентирајќи ја предлог одлуката за утврдување Нацрт урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани, Арнаудов потенцираше дека ова е проблем кој мора да с…
Веќе четврти ден од пописот на населението во Република Македонија, а не запираат контроверзиите. После бурните настани кои се случија на само ден пред започнувањето на пописот, сега уште еден скандал, овој пат во Охрид. Припадниците на заедницата на Еѓипјани обвинуваат дека иако легитимно биле избрани за попишувачи, сепак не им дозволуваат да излезат на терен.
Уште еден скандал околу процесот на попишување на населението во Република Македонија. Попишувачите припадници на заедницата на Еѓипјани обвинуваат за дискриминација по етничка основа, а најавуваат и реакции до сите надлежни институ…