Авг 18, 2020

Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот

Булеварот Железничка е една од најфрекфентните и најопасните сообраќајници во градот. Најкритична е состојбата на оваа улица бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информира дип. инж. по сообраќај Зоран Шикалоски од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици.  „Улицата Железничка е изградена пред 10 и повеќе години со стар проект од 30 години без можности за леви свртувања на безбеден начин туку на самата лента се прават тие леви свртувања. Со тоа се забавува сообраќајот, се зголемува небезбедноста и се случуваат несреќи“. Некој ќе праша зошто ако е таква состојбата не…

Авг 18, 2020

Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро

Анализи од ЦЈЗ направени на површинските води на Охридското Езеро покажуваат дека во некои делови има нарушување на квалитетот на езерските води. На мерните места каде што претходно се испитувал квалитетот на водата примероците покажувале дека водата е од прва класа, а сега се од втора класа. Тоа се должи на напливот на туристи во Охрид и крајбржјето. Сведоци сме на голем број дефекти што ги имавме во овој период заради несовесното и неодговорно однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните станици од колекторот имаше д…

Мар 6, 2022
Маскенбали

Пецаков беше дел од маскенбалот „Емшири 2022“

Денеска на големиот празник Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на традиционалниот маскенбал ,,Емшири 2022” во Велгошти. На дечињата им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната Заедница со поддршка од Општина Охрид. Децата ги покажаа своите интересни кореографии со кои симболично повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство – напиша Пецаков на фејсбук. Градоначалникот преку фејсбук статус упати честитка по повод празникот Прочка, која што ви ја пренесуваме во целост: Упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празни…

Авг 18, 2020

Јубилеј на кореографката Рисима Рисимкин на Охридско лето

Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ , една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, денеска  во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе го одбележи јубилејот, триесет години активно кореографско творештво, како дел од годинешното издание на Охридско лето. „Среќна сум што и покрај ситуацијата што нѐ затекна, успеваме да најдеме начин на работа и споделување на уметноста со нашата публика, што е и есенцијално. Сметам…

Ное 5, 2021

Пронајдена марихуана кај жител на Подмолје

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис – информираат од МВР. 

Авг 18, 2020

Врвни уметници и квалитетна програма донесе Француската вечер на „Охридско лето“

Обоистката Ариан Баке и пијанистот Теодор Ламбер од Франција испишаа уште една магична ноќ во историјата на „Охридско лето“ со концертот што синоќа го одржаа во рамките на традиционалната Француска вечер на фестивалот.Овој фестивалски настан секоја година се организира со поддршка  на Амбасадата на Република Франција во  Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје. Синоќешниот концерт во црквата „Света Софија“ го проследи и амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој рече дека во град што е под заштита на УНЕСКО како што е Охрид, треба да се донесе најдобр…

Авг 18, 2020

Oхриѓанец со мопед удрил во 68-годишна жена, која им подлегнала на повредите

На 17-ти август 2020 година, во 20:00 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид. – Мопед марка „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во 68-годишниот пешак Б.Ѓ. од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Авг 18, 2020

СЕ УРЕДУВААТ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА „КОЧО РАЦИН“ И „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Деновиве со поддршка на општина Охрид се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“. Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците. После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top