Денеска, директорот на Фондот, Миле Сугарев го информирал здружението дека на седницата на управниот одбор е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во делот за покривање на трошоците за материјалите за редовните неделни преврски на пациентите да бидат на терет на Фондот. Досега пациентите издвојуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство. Овој документ е доставен до министерот за здравство, Венко Филипче за потпис, по што ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила. Исто така, Здружението доби…
Советникот од ДУИ во Охрид Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се спроведени денеска во осум дневен притвор во охридскиот затвор поради нападот на Спирo Топалоски кој се случи минатата недела. Тие откако 6 дена беа во бегство утрово сами се пријавиле во полициска станица.СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривични пријави против првиот човек на ДУИ во Охрид и неговиот брат, за две кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје и распрснувачки материјали“, поради инцидентот кој се случи на 18ти август во центарот на Охрид во кој го нападнале Спиро Топалоски. На двајцата …
Делегација на општина Охрид составена од општинската администрација и предводена од Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во Паркот на револуцијата положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ.
Цвеќе положија и делегации од детската градинка „Јасна Ристеска“, Сојуз на борци и политички партии.
Се намалува сообраќајната култура на сите учесници низ градските улици. Во секојдневното брзање се помалку се внимава на сообраќајните правила, а се уништуваат и сообраќајните знаци. Алармантно е сообраќајното воспитание кај децата кои во вопспитно-образовниот систем многу малку учат за сообраќајната култура, напоменува дип. сооб. инж. Соња Шикалоска, авто инструктор од АШ Старс. Со цел едукација на најмалите Шикалоска на покана од организаторите на Платформата 5 до 12 одржа едукативна настава со деца од 7 до 13 годишна возраст. Практично им се доближија сообраќајните правила и улогите на с…
Мало зголемување, корекција на цената на водата се пиење, ќе стартува со решение на Регулаторната Комисија од 2021 година, кажа градоначалникот Константин Георгиески на последната седницана совет. Тој притоа ја повлече од дневен ред точката за утврдување на цена за водата за пиење со која требаше да се зголеми фиксниот надоместок од 72 денари на 100 денари за физички лица и од 100 на 150 ден за правните лица. Градоначаланикот кажа дека и тој смета дека поскапување никогаш не е популарно решение но во случајот е еднинствено решение согласно законот.Согласно решението на Регулаторната Коми…
Во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 53
– Куманово 9
– Штип 4
– Прилеп 13
– Тетово 4
– Струга 2
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 6
– Крива Паланка 1
– Радовиш 1
– Кочани 3
– Пехчево 2
– Берово 5
– Делчево 6
– Свети Николе 3
– Кичево 3
– Неготино 1
Починати се лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пацие…
Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“. Основачите на групата велат дека целта им е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма.
Во самата група може да забележиме дека има доста активни членови кои секојдневно споделуваат разни локации ширум државата, а во последно време има и се поголем број на интервјуа со сопственици на интересни објекти кои како што …
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година (Одлука на Советот на општина Охрид бр.08-6482/17 од 30.07.2020 год.) општина Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година.
Опис на јавниот повик
1.1. …