Апр 6, 2012

Нова програма за урбана опрема

Репер за успешноста на туристичката сезона, по некое непишано правило, треба да ни бидат велигденските празници. Но на само една недела од прославувањето на овој голем празник нема ред во узурпацијата на јавната површина во центарот на градот. Локалната самоуправа со нова програма за поставување на урбана опрема ќе се бори против самоволието на одредени граѓани. Програмата изготвена од секторот за урбанизам чека согласнот од заводот за заштита на спомениците на културата. Првиот човек на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска признава дека програмата е кај нив и дека истата деновиве комисис…

Апр 6, 2012

Здравиот живот чини многу пари

„Живејте здраво“, „хранете се здраво“, „бидете физички активни“, „живејте квалитетно“, ова се само некои од максимите кои се однесуваат на претстојниот светски ден на здравјето. Но се поставува прашањето, КАКО? Здравјето не е само добар здравствен систем. За здрав живот потребна е здрава храна, вода, здрави животни навики, потребен е чист воздух. Но, почитувани, да не се лажеме, се тоа чини пари и тоа многу пари. Доколку би се одлучил здраво да живеам, за почеток како македонец ќе ми треба ориз и многу леб, ама само интегрален, демек тој е здрав. Потоа ќе ми треба доста зеленчук и тоа броку…

Апр 5, 2012

Католиците се подготвуваат за Велигден

Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи за една вера, а две цркви каде …

Апр 5, 2012

Култура на високи потпетици

Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од театарската дејност, изл…

Апр 5, 2012

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата.„Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели Попоски.Турнирот ќе се …

Апр 5, 2012

Офталмологијата во Охрид, напредува

Првата операција во Македонија на катаракта со ултра звук е изведена врз охриѓанка. Тоа го направи стружанецот Др Наум Трпеноски, офталмолог, вработен во јавното здравство во Скопје. Тој воедно е и првиот офталмолог кој успешно изведе операција на катаракта врз пациент кој има Даунов синдром.Трпеноски вели дека, „Тоа се пациенти кои често неможат да ја издржат општата анестезија а бидејќи имаат некои срцеви малформации и малформации во органите за дишење и тешко е на нив човек да се одлучи да даде анестезија. Се работеше за девојка со катаракта на двете очи наша пара олимпијка, учествува за…

Апр 5, 2012

Забрана за камиони на автопатот накај Охрид во летните викенди

Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид за време на викендите. Во петоците забраната ќе важи од 17 до 24 часот, а во сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за камионите ќе важи од 1 јули до 31 август годинава.За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски. {loadposition content9}  

Апр 4, 2012

Кријте ги гаќите, ја грделе зградата!

Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса спроведувањето оди малку потешко.„Н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top