Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени на милост и немило…
Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена.
Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош.
„Тоа го правиме навистина од срце и како народ…
Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден.
Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува добриот соживот во градов,…
Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска идила. Поради тоа ш…
Рибарите од СРК „Св. Апостол Петар“ од Охрид испратија последен поздрав до своите колеги – рибарите кои денеска ќе бидат погребани во Скопје.
Скопјаните Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски и Филип Славковски, сите на возраст од околу 20 години, како и Борче Стефковски (45), биле убиени завчера кај вештачкото езеро кај скопското село Смилковци. Полицијата официјално нема осомничени за убиството ниту, пак, има информации околу можните мотиви за грозоморниот чин.
{loadposition content9}
Иницијативата за посетата на оваа земја е на здружението македонско – турското пријателство и со подршка на градоначалникот на Општина Охрид. Првичната идеја за патувањето се повеќе месечните контакти за воспоставување на соработка помеѓу Битолскиот универзитет Св Климент Охридски и Универзитетот Нами Кемал од Текирдак -Турција. На средбата со ректорот и претставници на општината најпрво бил презентиран Охрид со неговите културни, историски и природни убавини, а проф. д-р Вера Караџова од ФТУ го презентирала и универзитетот Св. Климент Охридски, по што се воспостави и првата соработка по…
Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година. „И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и вљубеноста во Охрид“.Д-р Чифлиган…
Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. „ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија со нашите грево…