Апр 21, 2012

Aнтички нема да се менува

 Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско Кузман, директорот на Управат…

Апр 21, 2012

Живот во светот на тишината, но и во светот на уметноста

Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се натпреварува со останатите жени…

Апр 21, 2012

Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“

Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави. „Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај каде се среќаваат со реал…

Апр 21, 2012

Започна Охрид Опен 2012

Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот „Лозница“ од Србија.„…

Апр 20, 2012

Петкратниот светски шампион во теквондо, Сајан Бат, ѕвезда на Охрид Опен 2012

20те години постоење на Македонската теквондо федерација ќе бидат одбележани на фантастичен начин. Ѕвезда на турнирот кој се организира по повод овој јубилеј ќе биде рускиот теквондо борец Сајан Бат. Она што е најинтересно за Бат е дека тој во земјава доаѓа без ниту еден единствен пораз во својата кариера. Со овој спорт почнал да се занимава уште во детството, а борец е веќе 12 години. Ексклузивно за нашата телевизија, Бат открива како успеал да остане непоразен сите овие години.„Па не знам како сум успеал да останам непоразен. Не знам, тоа е нешто што го имаш во себе, едноставно кога ќе за…

Апр 20, 2012

Ќе има, субвенции за струја

Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата за струја, но изминат…

Апр 20, 2012

Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.  „ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот концерт, ведн…

Апр 20, 2012

Највредниот живопис во Македонија

Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години на минатиот век кога за п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top