Сончевото време околу 1ви Мај го донесе до совршенство велосипедскиот празничен викенд во Охрид. Патешествијата започнаа на 28ми Април со Велокамп 2012, каде учесниците имаа организирано ноќевање, за да продолжи наредниот ден со државниот друмски натпревар кој носи бодови на ранг листата на Македонија. Натпреварот се одржа на релацијата Охрид-Струга-Дебар, односно по течението на реката Црн Дрим. Инаку оваа патека се вози за прв пат по 20 години. На 30ти Април се одржа и рекреативен маратон низ неколку струшки села, за на 1ви Мај да се одржи веќе познатиот натпревар во планински велосипедиз…
Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот и местото каде што …
Наскоро во Охрид, Деветтиот конгрес на Лајонс клубови од градовите под тврдини .Lion Сашо Василевски – Гувернер на Дистрикт 132 Македонија, вели дека на конгресот ќе учествуваат исклучително моќни и влијателни личности во своите средини, луѓе кои работат за доброто на својата држава. Гувернерот Василески додава дека ова ќе биде исклучителна можност да се влезе во големи проекти, во кои би се вложиле огромни средства но, колку локалната и македонската политичка и бизнис елита ќе го искористи ова, останува да видиме.„Промоцијата е од огромно значење на Охрид како туристичка дестинација, сега …
Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та. Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша вода.„Треба да бидеме подготвени …
Активностите на владата за привлекување на инвеститори во земјава, полека почнуваат да даваат резултати. Министерот за економија Ваљон Сарачини признава дека владата напорно работи за да ја подбри бизнис климата во земјава со цел да ја зголеми целокупната инвестициона клима во Македонија. Сарачини открива дека во завршна фаза се преговорите со Американска компанија за изградба на фабрика за кабли во Струга.„Тоа што последно го разговаравме со директорот на агенцијата за странски инвестиции е дека има веќе сериозна компанија Американска која е заинтересирана да инвестира во Струга и тоа во …
„Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење. Тапанарот на бендот, Ози, вели дека идејата за овој нивен музички потфат е малку постара, но дека сега се створиле услови истата да се спроведе.„ Прв пат во нашиов град се случува ова, можеби ни во Македонија не е направено вака на камионче, подвижна рок свирка“ кажува Ози.Ози вели дека го одбрале празникот намерно, со цел да придонесат за збогатување на културните содржини во нашиов град. Инаку Бекдор брои четири членови, покрај тапанарот Ози, тука е и Ринго на ба…
Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела компонирани за хармоника, а најмн…
Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана прослава, па човек…