Мај 18, 2012

Времето не лекува се

Охриѓани сеуште носталгични по калдрмата во чаршијата. Тие живо се сеќаваат на шеталиштето поплочено со камен уште од турско време. Чаршијата беше поплочена со оригинална калдрма од турскиот период  се до 50-тите години од минатиот век кога е заменета со автентични камени плочи. За жал, во 2006 година каменот беше заменет со мермерни плочки од низок квалитет, а од црвенкастите камени блокови не е оставена ниту мала апликација за да потсетува на старата убавина. Старата охридска калдрма, која важеше за една од најпознатите и најубавите во Македонија, остана уште само во песните и на старите …

Мај 18, 2012

Бродарите изненадени од смената на Настовски

Охридските бродари изненадени од разрешувањето на капетанот Љупчо Настовски од функцијата раководител на капетанија на пристаништата на Македонија.  Велат дека веста за разрешувањето на Настовски ја дознале од медиумите. И покрај тоа што во минатото бродарите реагираа на лошата комуникација со капетанот и на неговото непознавање на работите, сепак денес тие велат дека во последно време работите видно се променале.„После она што беше пред две години односите се подобруваа и станаа навистина добри во последно време во било кој план. Претпоставуваме дека увидоа дека во нив беше грешката и ведн…

Мај 18, 2012

Потстанари од Охрид, останаа на улица

  Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција  да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека се започнало со извесна Н…

Мај 18, 2012

Охридски матурски „квадрил“

Охридскиот плоштад денес зрачеше со позитивна енергија. Точно на пладне, буквално сите охридски матуранти го изиграа матурскиот танц. 400 деца во сини и црвени маички заедно со нивните врсници од неколку европски земји го играа „квадрилот“, а и добро се забавуваа. Оваа година помасовно од било кога матурантите од нашиот град, потоа од Струга, Ресен, Струмица, Гевгелија и Скопје, тргнаа во поход кон Гинисовиот рекорд во групно танцување. Еве дел од нивните импресии.„Супер беше, прекрасно. Малку беше напорно, ама сепак одлично. Се надевам и дека ќе го срушиме рекордот.“„Не беше воопшто тешко….

Мај 18, 2012

Уште три охридски плажи издадени под краткотраен закуп

На денес спороведеното електронско јавно наддавање, кое се одржа во Мин. за транспорт и врски,  од 10те плажи за кои се лицитираше само три добија концесионер.Така за најповолни понудувачи на електронското јавно наддавање беа избрани: за плажа бр. 5 – правното лицe „Горица 05“ кое понуди вкупно 678.330 денари за закуп на плажата, за плажа бр.8 – правното лице „Биба груп“ кое понуди вкупно 371.340 денари за закуп на плажата,  за плажа бр.9а – правно лице „Маредо“ кое понуди вкупно 333.540денари за закуп на плажата.Најповолните понудувачи за закуп на плажите се должни истите да ги уредат  сог…

Мај 17, 2012

Новиот бран на ВМРО ДПМНЕ ја заплисна Охридската Капетанија

Според извори од владејачката партија, позицијата  ја напушта раководителот на Капетанијата во Охрид, Љупчо Настоски. Капетанот Настоски е на службен пат во Хрватска и не беше достапен за коментар. Од ВМРО ДПМНЕ  го потврдуваат она што  Телевизија ТВМ го објави пред извесен период , дека во рамки на новиот бран  ќе бидат сменети 7 лица од Охрид, кои се на чело на институции на локално ниво, или пак, во подрачни единици или сектори од државно ниво.     {loadposition content9}  

Мај 17, 2012

Локална: Неаргументираните прес конференции на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја заморуваат јавноста

  ОК на ВМРО- ДПМНЕ , со секојдневните неаргументирани прес конференции, не само што интензивно ја замајува, туку почна и да ја заморува охридската и пошироката јавност.Наместо да седат на работните места и да сработат нешто, за што земаат плата во државните институции, водството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во работно време, конструира измислици и секојдневно ги пласира преку прес конференции.Се прашуваме дали вината за катастрофалната социјална состојба на македонските граѓани е во локалната власт и градоначалникот Александар Петрески или во Владата на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Гру…

Мај 17, 2012

Охрид ќе добие уште шест кружни текови

Локалната го променува регулирањето на сообраќајот во централното градско подрачје. Наместо светлосната сигназизација, одсега кружни текови. И раководителот на одделението за сообраќај и експертите се категорични дека овој начин на сообраќај за учесниците е побезбеден и го намалува времето на чекање. Работите отпочнаа на рскрсницата помеѓу Туристичка и Асном, кај стара Охридија, со тоа што се извадија старите билбориди, две сијалици и други метални елементи кои попречуваа во градежните активности. Кружните раскрсници даваат перспектива, за разлика од семефорскиот систем и покрај тоа што пре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top