Мај 22, 2012

Интерпелација за претседателот на охридскиот совет?!

Ќе има ли интерпелација за претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески? Дејан Паноски координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека веќе помина  деловничкиот рок до кога Претседателот на Советот на Општина Охрид требаше согласно член 42 од  Деловникот за работа на Советот да свика седница на Советот на барање на ¼ од советниците, но некој сакаше да избега од тоа и да го скрати правото на демократска расправа.„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, денес поднесува иницијатива за интерпелација за работата на Претседатело…

Мај 22, 2012

Охриѓани без вода-ПРОАКВА чистеше резервоари

Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни. „Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари, втора работа е промена на…

Мај 21, 2012

Хорот ќе одржи целовечерен концерт

  „На програмата ќе бидат дела од повеќе автори, репертоарот е разновиден, меѓу охридски и староградски песни ќе испееме и дела од познатите конпозитори, како што се Стеван Гајдов, Трајко Прокопиев, а ќе пееме и дела од светската хорска литература и дела од ренесансата и популарни дела“, вели раководителот и диригент на градскиот Хор, Александар Димовски. Мешаниот градски хор повеќе години работи во склоп на Центарот за култура. Може да се пофалиме со многу квалитетен хор кој досега има настапувано на многу манифестации како во земјава така и во странство каде забележува многу успеси, вели …

Мај 21, 2012

Отворен пресс-центарот на фестивалот „Охридско лето“

Станува збор за инструмент на фестивалот, преку кој новинарите од прва рака ќе ги добиваат сите информации за случувањата во фестивалот, како и за неговата програмата, објаснува Директорката Елизабета Јанкуловска. „Добредојдовте, во центарот во кој ви обезбедивме интернет врска, компјутери, телевизори, телефонски линии и пропратни материјали, за да можеме да ви обезбедиме убава клима и добри услови, за да може од денес да го користите прес центарот за ваши потреби и за да може што полесно да соработуваме околу подготовката и реализацијата на фестивалот „Охридско лето“ и секако за да ви обез…

Мај 21, 2012

Автобусот на EU пристигна во Велгошти

Европа пристигна во Велгошти. Автобус на Европската Унија со претставници на Делегацијата на Унијата, претставници од амбасадите на земјите членки, како и Секретаријатот за европски прашања, денес го посетија Основното училиште „Живко Чиннго“  во Велгошти. Основците од ова училиште со добри предзнаења за тоа што претставува Европската Унија.„ЕУ, е унија на земји членки, Седиштето е во Брисел, брои, 27 членки, создадена е во 1958“, велат учениците.Г-дин. Роберт Лидел, Заменик на Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, кој воедно беше дел од делегацијата која го посети Велгошти, инфо…

Мај 21, 2012

Во Охрид ќе се прска против комарци

Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на мерките за заштита, но м…

Мај 21, 2012

Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани

Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем. Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии.„Бидејќи се ова регионални средби со граѓаните…

Мај 19, 2012

Реакција од Локалната на отвореното писмо на охридските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Локалната самоуправа со соопштение реагира на наводите изнесени во отвореното писмо на пратениците на ВМРДО ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, во врска со актуелните случувања во с. Трпејца. Во реакцијата стои: Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , Александар Николоски и Харалампие  Шокароски, продолжуваат  да ги манипулираат жителите на Трпејца, кои во нивното отворено писмо се дистанцираа од било какви  политички злоупотреби. Немајќи храброст уште еднаш да се сретнат  со трпејчани , народните избраници на ВМРО- ДПМНЕ , со отворено писмо до јавноста, продолжија, за ситно па…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top