Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии.Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат христијанското учење м…
Светот денес се менува на таков начин и со таква брзина, што и Македонија ќе мора да се адаптира и да изнаоѓа начини да се вклучи во тие текови. На денешните предавања во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид, експертите од Израел ги споделија искуствата кои ги имаат од вакви слични соработки низ целиот свет. Данчо Давчев, Ректор на Универзитетот истакна дека плодна соработка е особено можна на полето на иновациите со користење на европските фондови.„Заедничко учество на проектите финансирани од ЕУ, посебно од програмата за исни технологии. Се покажа дека пост…
„Кока-кола“ купот денес во Охрид. Целта на овој, пред се забавен проект, се состои од фудбалски турнир, дополнет со соодветни спортски активности, а сé со цел остварување на единствено доживување за сите вклучени страни, вели Цено Александровски – проект координатор „Отворени забавни фудбалски школи“. „Резултатот не е примарен овде туку забавата дружењето и пред се респектот, фер плејот и дружењето на децата меѓу себе. За да биде уште позабавно ние решивме во секоја екипа да има по едно девојче, но може и две три“ вели Александровски.Главни ѕвезди на Coca-Cola купот беа момчињата и девојчињ…
Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието.„Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“.Досега кубуревме со возила од ва…
Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год.„И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна влашка мала, тие цркви велам с…
Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“. Стевоски е поранешен учесник во акцијашкиот клуб „Илинден“ и учествувал на 12 сојузни младински акции. Овој поранешен учесник на младински акции и неговите истомисленици се залагаат да го вратат духот на некогашните работни акции кај денешните млади луѓе. Стевоски потсетува на минатото кога несебично давале допринос за изградба на земјата, а покрај тоа се граделе како вистински личности со морални вредности, а стекнувале и работни навики.
„Тоа беше вистинска школа на животот, која во последно врем…
Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски.„Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“ вели Цветкоски.Цветкоск…
Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата.
„Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата.
„Јас не можам да кажам што тука треба да …