Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција ќе заврши со конкретни за…
Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот.
„На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.„Стоиме на ставот дека јавните претпријатија, посебн…
Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови. „Ми се чини како да бевме пред 5 години во овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои заради староста, а некои од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот на генерациската сре…
Состојбата со раскопаните улици во Велгошти е од лоша полоша, реагираат мештаните. Тие се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните, кои три години со малиот прст не мрднале да го санираат патот, кој тие го раскопале за поставување на канализација. Велат, „со поставувањето на канализацијата повеќе ни се направи зијан отколку ќар“.„Неможиме да поминиме, вртиме правиме по неколку кимолометри, заобиколница правиме за да стигниме до дома овде нема услови за врвење.Овде поминуваат и туристи и се ова го гледаат бидејќи често ги посетуваат црквите“. Други пак велат.
„Ги искршивме колите…
Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито.
Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата.„За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител, наставник, професор, директор, а…
Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност.„Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба на безбедносниот…
Судар на два закони, едниот за градба, другиот за легализација. Во тоа лежи основниот проблем поради што состојбата со двете дивоградби во Трпејца ескалира. Денес во малата општинска сала, советодавна група на граѓани од Трпејца одржа состанок со претставници од охридската полиција и ОБСЕ. Целта е надминување на проблемот што го имаат со сопственикот на дивоградбите Сребре Петрески, поради што во неколку наврати беше загрозена безбедносната состојба во оваа месна заедница. „Секоја од надлежните институции да си го заврши својот дел од работата“, порача Јавниот правобранител Љупка Попеска, в…
Веќе 2-3 месеци наназад во завршна фаза се напорите за формирање на трет блок, составен од ВМРО-Нардона и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство, објасни претседателот на ОК на ВМРО-Народна Ванчо Костоски.„Соработката помеѓу овие четири политички партии е во завршна фаза и една од активностите која беше соопштена на прес конференција на државно ниво ќе биде одржувањето на трибината во Охрид на 29.мај“ вели Костоски.Претседателот на О.О на ЛДП од Охрид, Дејан Блажески информира дека жално е што треба да се става акцент на тоа дали партија од центарот треба д…